Авион се урна во јужна Франција

Ербас од типот А320, наводно со 142 патници, се урнал во регионот на Алпите во јужна Франција.

Претставници на авијацијата во вторник кажаа дека авионот бил опериран од Џерманвингс, партнер на германската авиокомпанија Луфтханза. Авионот исчезнал на рутата од Барселона, Шпанија до Дизелдорф, Германија.

Францускиот весник Ла Провинс извести дека авионот со два реда седишта имал 144 патника, два пилота и четворица членови на екипажот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека најверојатно нема преживеани во несреќата, и дека најголем дел од патниците биле германски државјани.