Американскиот претседател Барак Обама ќе побара зголемување на даноците за најбогатите Американци за време на годишното обраќање за состојбата на Унијата пред заедничкото заседание на Конгресот во вторник – прво во неговото претседателствување комплетно доминирано од опозиционите републиканци.
Обама ќе повика за зголемување на даноците на профитот на поединците што е направен со продажба на имот како акции, обврзници и недвижнини, прекинувајќи го олеснувањето на даноците за наследен имот вреден милиони долари, и воспоставувајќи давачка за најголемите финансиски фирми во државата. Претседателот сака тие средства, проценети на 320 милијарди долари за наредните 10 години, да ги употреби за нивелирање на олеснувањето на даноците за Американците со средни примања, како и за иницијативи како што е школарината за јавни колеџи.
Предлозите веќе се недвосмислено отфрлени од републиканските законодавци кои ја добија контролата на двата дома, Претставничкиот дом и Сенатот, по изборната победа минатиот ноември. И покрај таа победа, претседателот вети дека ќе стави вето на голем број приоритети на републиканците, вклучувајќи го и одобрението за градење на контроверзниот нафтовот од Канада до американскиот Залив на југ и промените во неговиот реформски закон за здравствена грижа.