Протестите од Фергусон поместени кај трговците

Демонстранти го користат случајот да посочат на други слични во кои велат дека законот не е соодветно применет спрема Африканските Американци.

Во централниот дел на САД, демонстрантите во предградието на Сент Луис, Мисури, ги поместија нивните протести против непокренувањето обвинение спрема белиот полицаец кој уби невооружен црн тинејџер, кај големите трговски куќи.

Десетици луѓе, започнувајќи ноќта во четвртокот, на празникот Ден на благодарноста, и продолжувајќи во петокот, отидоа кај продавниците на Волмарт и Таргет, извикувајќи „Рацете горе, не пукајте“ додека полицајците гледале.

Петокот по Денот на благодарноста е првиот ден од традиционалното празнично купување, за време на кое огромна толпа потрошувачи се привлечени во продавниците од специјални понуди на трговците.

Тензиите се чини дека попуштија во четвртокот во Фергусон по две ноќи на насилство и ограбување.

Жителите на населбата Фергусон во предградието на Сент Луис, и други кои сакале да помогнат, излегле на Денот на благодарноста да го исчистат отпадот оставен по деновите на демонстрирации кои уследија по понеделничкото соопштение на големата порота дека донела одлука да не покренува обвинение против Дарен Вилсон за убиството на Мајкл Браун во август.

Во Њујорк, седум лица биле за време на парадата на Мејси за Денот на благодарноста за обид да ја пореметат парадата во израз на протест по одлуката на на големата порота.

Демонстрантите низ целата држава го употребија случајот да посочат на други слични во кои велат дека законот не е соодветно применет спрема Африканските Американци. Во Лос Анџелес и Окланд, во Калифорнија, полицијата уапси десетици лица по различни обвиненија поврзани со протестите, но не се јавува за значително насилство.

Американскиот Оддел за правда испитува можно прекршување на ловековите права во случајот од Фергусон. Претседателот Барак Обама повика за себе-преиспитување за тешкотиите со кои се соочуваат малцинствата во државата.