Мозочен интерфејс преку Интернет

Експеримент на Универзитетот на Вашингтон покажува дека телепатијата еден ден може да стане реалност

Телепатијата вообичаено е работа на научната фантастика. Но, емитувањето на сигнали од мозокот на едно лице на друго, еден ден може да стане реалност, велат научниците од Универзитетот на Вашингтон.

Во тест повторен од пред една година, едно лице можело да го контролираа движењето на раката на друго лице со тоа што размислувало за движењето, додека нивните мозочни сигнали се пренесувале преку Интернет.

Три пара учесници во тестирањето биле сместени во различни згради на универзитетот, без можност да комуницираат вербално или визуелно. Испраќачите носеле качулки со електроди, гледале комјутерска игра со пукање врз пиратски брод и размислувале како ја движат раката за да испукаат ракета. Тие мозочни сигнали биле регистрирани од електродите и испратени преку Интернет до примачите коишто имале електромагнетен калем поставен над делот од мозокот што го контролира движењето на рацете. Примачите не можеле да ја видат играта.

Кога интерфејсот бил успешен, раката на примачот се придвижувала и го допирала копчето што ја испукувало ракетата. Научниците велат дека прецизноста била со спектар од 25 до 85%.

По добивањето на дополнителтен грант од еден милион долари, научниците најавуваат дека целта им е да развијат технологија за пренесување на уште покомплексни информации и знаења, директно од еден мозок на друг.