Предлогот уследи по извештајот на ОН во кој државата се упатува пред Меѓународниот кривичен суд
Северна Кореја изјави дека е подготвена да дозволи посета без преседан во земјата на претставници за човековите права на ОН, но многи аналитичари се скептични за искреноста на понудата.
Во неодамнешен извештај на ОН оваа затворена држава беше обвинета за кривични дела против човештвото.
Пјонгјанг за посетата поставува услов - Северна Кореја сака во резолуцијата на ОН, каде се препорачува Северна Кореја да биде упатена пред Меѓународниот кривичен суд, да биде ублажен јазикот.
Резолуцијата беше претставена неделава во генералното собрание. Се очекува да биде усвоена без проблеми.