Експлодира американска карго ракета

Ракетата ја лансираше една од двете приватни компании со кои НАСА има договор; Русија успешно лансираше друга наместо неа.

Русија успешно лансираше ракета без екипаж со намирници за Меѓународната вселенска станица од Казахстан, неколку часа откако по катастрофална експлозија што уништи слична мисија во САД.

Комерцијална ракета без екипаж со намирници наменети за Меѓународната вселенска станица експлодира само неколку секунди по лансирањето од островот Валопс, во сојузната држава Вирџинија.

Орбиталната научна корпорација, компанија која има договор со американската влада за испраќање намирници на Меѓународната вселенска станица, објави дека нема да лансира друга ракета од типот Антарес се` додека не се истражи причината на експлозијата. Ова е една од двете приватни компании што НАСА ги ангажира за пренос на карго во орбитата, по пензионирањето на флотата на шатл летала во 2011-та.