Крводарителска акција во знак на сеќавање на настаните од 11 семтември 2001

  • Борјан Јовановски
По шести пат Амбасадата на САД во Скопје организираше крводарителска акција на денот кога се случија терористичките напади на САД

Во крводарителската акција организирана од американската амбасада до пладне беа собрани околу 70 крвни единици. Покрај крв, граѓаните на пунктот од Црвениот крст донираа и храна.

На акцијата и` се приклучи и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.

„Граѓаните на Република Македонија се грижат за нивните соседи, за иднината на својата држава и не е важно од каде доаѓаат луѓето, важен е човечкиот елемент што нe` држи сите заедно како луѓе, во моменти кога треба да си помогнеме“, изјави амбасадорот Волерс.

Акцијата e во знак на сеќавање на 11 семтември 2001 се одржа по шести пат.