Договорот со Техеран стапува во сила

Иран го замрзна нивото на збогатување на ураниум за наредните шест месеци.
Иран почна да ги запира најчувствителните нуклеарни активности, како дел од постигнатиот договор со меѓународната заедница во ноември, кој стапува во сила во понеделник.

Нуклеарната агенција на ОН соопшти дека Иран ги онеспособил центрифугите во Натанц и Фордо кои се користеле за збогатување ураниум до 20 проценти.

Договорот со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија го ограничува збогатувањето на пет проценти и бара од владата во Техеран да го намали складираното количество на високозбогатен ураниум.

За време на следните шест месеци идејата е да се дојде до посеопфатен договор што ја смири загриженоста на меѓународната заедница дека Иран се обидува да дојде до нуклеарно оружје, што Иран негира.