Пандата во Вашингтон доби име

Бао Бао го доби името на церемонијата во Националната зоолошка градина, во неделата.
Националната зоолошка градина во Вашингтон го откри името на женската панда родена во август - Бао Бао.

Во согласност со кинеската традиција, бебето-панда не се именува додека не наполни 100 дена. Претставници на Зоолошката кажаа дека Бао Бао на кинески значи „драгоцено“ и „богатство“.

Повеќе од 123.000 луѓе гласаа преку Интернет за името на пандата.

Бао Бао беше родена од 15-годишната мајка Меи Шиенг. Засега таа може да биде видена само на таканаречената „Панда кем“ - видео од камера поставена од Зоолошката градина.

Бао Бао има илјадници обожуватели, вклучувајќи ја и првата дама Мишел Обама која имаше специјална порака за Бао Бао на неделната церемонија на именување.