Сенатот ја отфрли мерката за контрола на оружјето

Претседателот Барак Обама рече „Ова е срамен ден за Вашингтон“
Американскиот Сенат го одби двопартискиот план за проширување на безбедносната проверка за купувачите на оружје, и покрај тоа што анкетите покажуваат дека мнозинството Американци ја поддржува мерката.

54 сенатори гласаа за амандманот на законот за контрола на оружјето. Но според сенатските правила тоа е шест гласови помалку од 60-те потребни за изгласување.
Претседателот Барак Обама рече „Ова е срамен ден за Вашингтон“, додавајќи дека лобито за оружје и неговите поддржувачи намерно лажеле за мерката и сенаторите кои гласале против биле заплашени и подлегнале на политиката.