Линколн на Спилберг оди кон оскарите. Но поважно од тоа, ќе направи историја.

Your browser doesn’t support HTML5

„Линколн“ на Стивен Спилберг отстапува од традиционалното портретирање на 16-от американски претседател, нудејќи ги размислувањата на државникот кој ризикувал се` за укинување на ропството. Спилберг го базира филмот на делови на книгата „Тим на ривали“ од Дорис Кернс Гудвин. Тој го прави Линколн релевантен и денеска, презентирајќи го овој вешт политичар како се пробива низ многу познатите поделби на Вашингтон, пат-позиција и игри на моќ.