Би-Би-Си на крстопат

Your browser doesn’t support HTML5

Неделава се одбележуваат 90 години откако британската национална мрежа Би-Би-Си ја емитуваше првата радио-емисија во 1922-ра. Но, битната годишнина е засенета со серија кризи кои го погодија овој влијателен медиум изминатите недели, при што беше сменет генералниот директор и ја доведе во прашање иднината на јавниот радио-дифузен систем.