Соли за капење – опасна дрога од многу аспекти

Your browser doesn’t support HTML5

Полицијата во САД е збунета од новата синтетичка дрога и нејзините бројни варијации, легални во многу сојузни држави. Полицијата вели дека таканаречената сол за капење наводно најпрво се појавила во Европа како дрога популарна по ноќните клубови, а се произведувала во Америка. Во продолжение, за дилемата со која се соочуваат агенциите за спроведување на законот, без постоење на федерален закон за овој вид на дрога, ниту соодветен тест за нејзино навремено откривање.