Резултати на истражувањето на Ројтерс и Ипсос, во очекување на одлуката на Врховниот суд.
Истражување на Ројтерс и Ипсос, направено минатата недела, наоѓа дека Американците се против законот за реформа на здравствената заштита на претседателот Барак Обама, иако енергично ги поддржуваат повеќето одредби на регулативата.
Врховниот суд неделава, а можеби уште и денес треба да донесе одлука по вложените жалби на законот донесен по иницијатива на Обама. Во средиштето на Актот за заштита на пациентите и достапна заштита, што критичарите го нарекуваат „Обамакеар“, се наоѓа индивидуалниот мандат што налага секој американски граѓанин на почетокот на 2014-та да има здравствено осигурување, бидејќи во спротивно ќе треба да плати казна.
Според истражувањето на Ројтерс и Ипсос, 61% се против ваквиот мандат. Противниците на законот наведуваат дека владата не може да им нареди на граѓаните да купат здравствено осигурување и мислат дека таа на тој начин би се вмешала во лекарските одлуки и индивидуалната заштита.
Па сепак, според истражувањето, за другите аспекти на законот постои силна поддршка:
- 83% од испитаниците се за тоа да биде забрането осигурителните компании да можат да одбијат покритие на лица што имаат претходни здравствени проблеми;
- 61% претпочитаат децата да останат осигурани преку родителите до 26-годишна возраст;
- 72% ја поддржуват одредбата компаниите со преку 50 вработени да обезбедат осигурување за вработените.
Мит Ромни, најверојатниот републикански кандидат за претседателските избори во ноември, вети дека ќе го отповика законот доколку влезе во Белата куќа. Тој исто така повика на натпартиски напор за да се поправат грешките во американската здравствена заштита.
Претседателот Обама, пак, кој вели дека ја градел реформата на здравствената заштита според онаа на Ромни додека беше гувернер на сојузната држава Масачусетс, тврди дека таа е неопходна.