Ромни пред прелиминарни избори во Тексас

Поранешниот гувернер на Масачусетс се очекува да добие повеќе од потребната цифра делегати за номинација.

Мит Ромни се очекува да ја обезбеди претседателската номинација од редовите на Републиканската партија, по синоќешните избори во Тексас.

Тексас има 150 делегати, што е многу повеќе од потребните 1.144-ца кои се потребни за Мит Ромни да ја добие номинацијата. Со оваа победа, се очекува да заврши и долгата и изненадувачки тешката кампања за Ромни, кој се соочи со големи предизвици од ривалите како Њут Гингрич и Рик Санторум.

Во суштина Ромни ја обезбеди номинација уште во април, кога Санторум се повлече од трката. Според најновите анкети, тој има идентична поддршка со американскиот претседател Барак Обама.