Линкови за пристапност

Зголемено загадувањето на Охрид в зима последните 4-5 години, предупредуваат екологистите


Голем удел игра масовната урбанизација со која Охрид се соочува, вели екологистот Ѓоко Зороски
Голем удел игра масовната урбанизација со која Охрид се соочува, вели екологистот Ѓоко Зороски

Ако некогаш важеше за град со најчист воздух во државата, денес Охрид многу често се носи со далеку позагадените градови од него, поради приусутните штетни материи, кои многу често особено во вечерните часови во зима достигнуваат вредност и од над 200 микрограми ПМ 10 честички.

Ѓоко Зороски, екологист, вели дека во последните 4-5 години се забележува енромно загадување на воздухот во зимскиот период.

„Тоа е пред се резултат на неколку фактори, кои делуваат синергистички. Тоа се најчесто луѓето кои што согоруваат секакви отпадни материи наместо дрво, големата урбанизација, специфичните климатолошки услови, а понекогаш и депонијата Буково. Има ситуации, кога има загадување со над 300-400 микрограми на метар кубен цврсти честички“, вели Зороски.

Голем удел игра масовната урбанизација со која Охрид се соочува, велат екологистите.

Струењето на воздухот, кој доаѓа од правец на Езерото, се помалку се чуствува во делови од градот, поради високатниците кои никнаа.

„Во градот доста е зголемен бројот на згради. Формирани се на некои места бетонски зидови, кои не дозволуваат вентилирање на градот од ветровите кои се доминантни од северен и јужен правец и на тој начин има едно застојување на воздухот и во комбинација со влажноста на воздухот во зима, тој ефект е уште позасилен. Воздухот е со карактеристична сина боја. Охрид порано беше познат, како еден вид на воздушна бања, токму заради чистиот езерски воздух, заради големата надморска височина, но сите овие изменети услови го направија своето“, рече Зороски.

Охрид сè позагаден в зима
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ вели дека „пренагласената урбанизација и изградбата на високи згради во крајбрежниот појас, условуваат ружата на ветрови да не се реализира, како што природата налага во овој микроклиматски регион“.

„ И практично сите овие емисии на издувни гасови и од сообраќајот, но и од домаќинствата, остануваат заробени во коридорот покрај крајбрежниот појас и самите жители на Охрид се изложени на негативните ефекти од овие издувни гасови“.

Зороски очекува дека со последните забелешки од страна на УНЕСКО, ќе стагнира урбанизацијата, особено во централното градско подрачје, кое е презаситено со градби.

„Градот веројатно би се ширел на периферијата, но централното градско подрачје останува такво какво што е“.

Екологистите повикуваат што побрзо да се преземат соодветни мерки за да се ублажи загадувањето. Наместо загадувачки горива, како што е мазутот, кои се соогоруваат од страна на домаќинствата и некои погони, да се користи чисто дрво.

XS
SM
MD
LG