СКОПЈЕ – ОБСЕ е спасена и е безбедна, е пораката која ја испрати претседавачот, министерот за недворешни работи, Бујар Османи, на завршната прес конфернеција со што триесеттиот министерски совет на ОБСЕ кој се одржуваше изминатите три дена во Скопје заврши.
Во своето обраќање Османи го нарече овој состанок историски.
„Тука на Балканот се двоумиме да ги наречеме работите историски, но овој Министерски совет веќе е наречен историски. Руската агресија врз Украина ја доведе во прашање европската безбедносна архитектура, но исто така го доведе во прашање постоењето на самата Организација, затоа овој совет е револуционерен“, рече министерот Османи.
Клучно е што на состанокот се постигна консезус и Малта е избрана како претседавач на Организацијата во 2024 година додека во 2025 година вече е познато дека претседавањето со ОБСЕ ќе го води Финска. Местото на министерот Османи ќе го превземе неговиот колега Иан Борг.
„ До пред неколку дена беше невозможна мисија. Гледајте ги текстовите на меѓународните новински агенции, кои што зборуваа за пропаст на ОБСЕ, дека на ОБСЕ и се гледа крајот, дека нема шанси 57 земји членки, и САД и Русија да постигнат консензус за едно прашање. И Укриана и Русија. Никој не можеше да претпостави дека не само што ќе имаме консензус по однос на држава претседавач, туку ќе имаме и продолжување на мандатот на четворицата, за кои различни земји имаа, различни забелешки по однос на секој од нив. Успеавме преку таа наша истрајна политика, за што сакам да се заблагодарам на дипломатите во Министерството“, рече Османи.
Покрај изборот на претседавач се донесе одлука и да се продолѓи мандатот за уште девет месеци на четирите клучни позиции во организацијата, генерлната секретарка Хелга Шмид, високиот комесар за национални малцинства Каират Абдракхманов, претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ Тереза Рибеиро, и Матео Мекачи првиот човек на ОДИХР.
Сепак договор за Буџетот не беше постигнат, а вината Османи ја лоцираше во Руската Федерација.
„ Направивме многу напори да одобриме буџет за 2023 година, претходно имавме тешкотии со две други земји членки. Успеавме да најдеме креативен начин напред, и тогаш остана само Руската Федерација. Иако постигнавме консензус, после многу месеци преговори, Руската Федерација му стави вето на буџетот“, изјави министерот Османи.
Тој додаде и дека Состанокот помина во знак на нападот на Украина.
„Руската агресија против Украина ги прекрши основните принципи и посветеноста на нашата организација, предизвика страдање на луѓето во Украина, но донесе и сериозни предизвици за егзистирањето на организацијата“, кажа Османи.
На триесеттиот Министерски совет присуствуваа илјада делегати од 57 држави членки на ОБСЕ и држави партнери на Организацијата.