Линкови за пристапност

Замрзнати цени на овошје и зеленчук само на хартија, паричниците на граѓаните се испразнија


Дел од овошјето и зеленчукот чии цени Владата ги замрзна со денови ги нема во маркетите а на пазарите се продаваат по далеку повисоки цени од наложените. Владината мерка не даде резултат бидејќи граѓаните со денови плаќаат астрономски цени. Увозниците успеаа да ја изгираат владината Одлука. Празничните трпези останаа скромни, граѓаните прашуваат каде се задолжителните 70 отсто пласман кај трговците.

СКОПЈЕ – Домати речиси двојно поскапи од цената која ја наложи Владата и тоа само на пазарите, краставици и кромид по цена од минатиот месец, маркети со празни рафтови каде што требаше да биде зеленчукот со замрзнати цени, помали продавници со клуч на врата.

Владината мерка за замрзнување на цените на единаесет видови овошје и зеленчук не ги даде посакуваните резултати бидејќи тие или се продаваа поскапо или пак воопшто ги немаше. Граѓаните се разочарани или револтирани, велат празничните трпези останаа скромни.

„Домати викендов немаше во маркетите и гранапите немаше. Имаше само розев домат кој се продаваше по цена од 250 денари. Морав да купам. Утредента најдов обичен домат, на пазар и го платив 150 денари за килограм. Немаше истакнато цена, прашав зошто толку е скап но не добив одговор“, вели Ружа Марковска.

Денеска, во пресрет на празникот Рамазан, сликата е идентична. Во големите маркети има само розев дома, кромид нема а краставиците се продаваат по владината цена од 95 денари.

На пазарите има и домат и кромид но не во количини на кои сме навикнати да гледаме и не по цените кои ги наложи Владата. 140 денари за килограм домати е најниската цена која може да ја најдете на тезгите и 90 денари за најефтиниот кромид.

„ Продавницата од која купував овошје и зеленчук затвори. Остана со празни рафтови. Сопственикот ми кажа дека добавувачите не испорачуваат поради ниските цени. Купив од пазар, скапо е. Не е во ред, немаме висок стандар да плаќаме вакви цени“, раскажува Иван Кировски од Скопје.

Зошто на пазарите и низ маркетите немаше дел од овошјето и зеленчукот чии цени се замрзнати или пак се продаваше по далеку повисока цена конкретен одговор од надлежните нема. Нема одговор зошто не беше испочитувана одлуката да се пласира најмалку 70 отсто од количината која што беше дистрибуирана во текот на изминатите месеци како што наложи Владата.

Пазарниот инспекторат вршел контроли во текот на целиот период но што откриле, колку фирми и трговци ја злоупотребиле положбата и продуктите намерно го чувале во магацини или пак во камиони и ладилници, можеби ќе се дознае идната недела.

Министерот за економија Крешник Белтеши најави дека станува збор за десетина трговци кои увезуваат зеленчук и покриваат 80 отсто од домашниот пазар но и дека тој лично ќе си соопшти имињата на компаниите и дека нема да претрпи државата загуба доколку ги затворат.

„Во делот на задолжителните 70 отстои како одлука на Владата ќе оставам, мна инспектциите верувам дека за три до летоиро дена ќе ве информираат што ќе се случува со тие трговци кои не ја почитуваа оваа мерка. Инспекциите не потрфлија. Се работи за компании кои се занимаваат со трговија над 95 отсто се компании кои увезуваат, кон крајот на овој месец и почетокот на нарениот ќе имаме домашно производство. За овие компании кажав и претходно да почекаме до почетокот на наредната недела. Јас ќе ги објавам ако има потреба. Не се работи за домашни земојделци туку за десетина копмапнии кои во последните десетина години увезувале земојделски производи и покривале над 80 отсто од домашниот пазар и ако се затворат тие компании нема да има голема штета за државата“, рече министерот Бектеши.

Самиот проблем е и во тоа што компаниите односно трговците кои со години увезуваат зеленчук и го диктираат пазарот и цените се мали претпријатија со под 50 вработени и казни за нив се до 2.500 евра, што е минарно споредено со обртот кој тие го имаат. Токму затоа од Пазарниот инспекторат побараа законски измени и повисоки казни но и поголеми овластувања.

Владата, на почетокот на месецот ги замрзна цените на единаесетте продукти, и формираше максимални цени врз основ на приложените фактури од увозниците за кои се испотави дека се лажни и со многу пониски цени за да се избегне плаќање на давачки кон државата и Буџетот. Колку време траела оваа операција, кој се бил замеѓан во царинската управа и инспекциите и колку всушнопст е оштетен Буџетот допрва ќе се утврдува.

„Во делот на лажните фактури, согласно последните информации кои ги добив од царинската управа тие се доставени до Управите во државите каде што се увезени тие производи“, соопшти министерот Бектеши.

Но за овие информации ќе мора да се почека извесен период бидејќи станува збор за сложена и комплексна процедура.

Домашните производители и змејоделци се децидни дека целиот пристап на Владата и одлуката за замрзнување на цените е погрешен, бидејќи е речиси невозможно да се формира гранична цена за домашното производство додека трае сезоната.

Откако беше принудена да ги коригира цените поради откриени криминал Владата ги ограничи максималните цени на 95 денари за домати, грав и краставици, 70 денари за килограм кромид, 75 денари за банани и мандарини, 60 денари за портокали и лимони а сто и нешто над сто денари ќе чинат пиперките и леќата.

XS
SM
MD
LG