Линкови за пристапност

Расте потребата од точни информации


Денес се одбележува Меѓународниот ден на слободата на печатот

Се зголемува потребата на јавноста за веродостојни информации, а некои влади прават напори да го ограничат пристапот до нив, заклучија претставници на Емитувачкиот одбор на управници и на Школата за медиуми на Универзитетот Џорџ Вашингтон, по повод Меѓународниот ден на слободата на печатот.

„Гледаме дека тоа што се случува и што излегува од Кремљ, е многу повеќе од само погрешна нарација. Фактите навистина се доведени во прашање од ваквите режими во светот, како што сега се случува и во Турција“, изјави Џон Ленсинг, извршен директор на Емитувачкиот одбор на управници.

Минатата недела организацијата „Репортери без граници“ објави извештај за слободата на печатот за 2017-та година, според кој Русија се најде на 148-то место од 180 држави, а од 2012-та година водечките независни медиуми биле ставени под владина контрола или затворени.

Според извештајот на „Фридом хаус“, слободата на печатот во светот падна на најниско ниво во последните 13 години, а главната причина е заканата кон новинарите и медиумите во големите демократии.

Како одговор на прашањата дали Гласот на Америка ќе може да остане неутрална, а не да стане глас на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, Ленсинг рече дека „луѓето треба да разберат дека тоа би било спротивно на Повелбата на Гласот на Америка“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG