Линкови за пристапност

Транспаренси интернешенал: Македонија на 66-то место


Годишен извештај за перцепција на слободата во светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Годишен извештај за перцепција на слободата во светот

Според Индексот за корупцијата во светот Македонија доби оценка – 42, во рангирањето при што 0 е најслаба оценка, а 100 најдобра.

Македонија рангирана на 66 место заедно со Турција и Сао Томе и Принципе. Индексот рангира 168 земји каде нула е најслаба оценка, а 100 најдобра. Македонија доби оценка 42.

Во извештајот е изразена загриженост во врска со „забележителното влошување“ во Унгарија, Македонија, Шпанија и Турција, велејќи дека ова се држави во кои имало надеж за позитивна промена, а сега има тренд на пораст на корупцијата и стеснување на демократијата.

Индекс на перцепција на корупцијата во светот во 2015-та на Транспаренси интернешнал се потпира на она што организацијата го нарекува стручно мислење од целиот свет со цел да се измерат перципираните нивоа на корупција во јавниот сектор. Во најновиот извештај се вели дека повеќе од 6 милијарди луѓе живеат во земји каде корупцијата е сериозен проблем. Сомалија, Северна Кореја и Авганистан се наведени како најкорумпирани нации во светот.

Ниски оценки значат повеќе корупција, а во извештајот Сомалија и Северна Кореја, имаа оценка осум, додека Авганистан - 11.

Ниту една земја не постигна оценка од 100, но неколку земји се блиску. Данска на 91, Финска и Шведска секоја по 90.

Хозе Угаз претседател на Транспаренси Интернешнал вели дека извештајот покажува дека корупцијата се` уште го „измачува“ целиот свет.

„Но, 2015 исто така е година кога луѓето повторно излегоа на улиците да протестираат против корупцијата“ рече тој и додаде дека „Луѓето од целиот свет испратиле силен сигнал на оние кои се на власт: време е да се справите со огромната корупција“.

Транспаренси Интернешнал изрази загриженост во врска со острите ограничувања за граѓанското општество и слободата на медиуми во земјите со ниски оценки како Азербејџан, Казахстан, Русија и Узбекистан.

Во Европа се наоѓаат некои од најмалку корумпираните земји во светот, но во извештајот се вели дека дури и лидерите на Данска, Финска, Шведска и Норвешка имале големи случаи на корупција во изминатата година.

На Балканот со помалку корупција и повисоко се рангирани Словенија, 35, Хрватска 50, Грција 58, Црна Гора 61, а пониско Бугарија 69, Србија 71, Босна и Херцеговина 76, Албанија 88 и Косово 103.

XS
SM
MD
LG