Линкови за пристапност

Документите на ВикиЛикс го нагласија проблемот со обука на безбедносните сили

Документите на ВикиЛикс го нагласија проблемот со обука на безбедносните сили
Документите на ВикиЛикс го нагласија проблемот со обука на безбедносните сили

Последната група тајни документи што ги објави групата која е против тајни, ВикиЛикс, не содржи изненадувачки информации. Но, според аналитичарите, таму има многу примери на злоупотреба од ирачките безбедносни сили често пред очите на нивните американски обучувачи и извештаи за поголем број цивилни жртви отколку што претходно се мислеше.

Објавените класифицирани документи се прикази на војната. На околу 400.000 страници, овие документи зборуваат за голем број инциденти на неправилно постапување со затвореници во рацете на ирачки безбедносни сили. Според документите од ВикиЛикс затворениците биле камшикувани и тепани.

Некои од овие инциденти се случиле далеку од очите на американските обучувачи, додека други пред американските војници. Во некои случаи американските трупи се обиделе да интервенираат да се запре злоупотребата, но во други тие само стоеле и гледале.

Чарлс Дун, поранешен директор за Ирак во Националниот совет за безбедност, вели дека документите содржеле малку што луѓето во владата не го знаеле. Во многу инстанци таквите случаи се јавно документирани во годишниот извештај на Стејт департмент за човекови права и од приватни групи за човекови права. Но Дун додава дека документите обелоденуваат колку било тешко да се прекине таква злоупотреба во тоа место на насилство какво што станал Ирак.

„Ирак е насилна политичка култура, отсекогаш била. Зборувате за луѓе кои биле горени со киселини. Се сеќавам дека видов слики во информации што ги имав за кувајтски затвореници кои биле изложени на истиот третман во инвазијата на војската на Садам Хусеин за време на Персиската заливска војна. Такви работи не се бришат лесно. Јас не гледам што повеќе би можеле да направиме отколку што веќе направивме“, вели Дун.

Лари Гудсон од Американскиот воен колеџ вели дека американските трупи се фатени во дилемата, дали да интервенираат или не, зашто би можеле да бидат видени како застануваат на нечија страна.

„Лошо е ако направите нешто, лошо е ако не направите – во смисла, ако имате главно шиитски безбедносни сили во затворите и тие тепаат сунитски затвореник, ако интервенирате изгледа дека се ставате на страната на Сунитите. И обратно.“

Како и во случајот со Ирак, американските сили сега се во земја-домаќин обележана со етнички, секташки и племенски разлики – Авганистан. Аналитичарите велат дека проблемите потенцирани во Ирак со публикувањето на ВикиЛикс може да се појават со поголема честота во Авганистан, додека американските и НАТО трупи ги обучуваат авганистанските полициски и армиски единици постепено да ги преземат одговорностите за безбедноста на нивната држава.

Објавените класифицирани документи се прикази на војната. Околу 400,000 страници, овие документи зборуваат за голем број инциденти на неправилно постапување со затвореници во рацете на ирачки безбедносни сили. Според документите од ВикиЛикс затворениците биле камшикувани и тепани.

Некои од овие инциденти се случиле далеку од очите на американските обучувачи, додека други пред американските војници. Во некои случаи американските трупи се обиделе да интервенираат да се запре злоупотребата, но во други тие само стоеле и гледале.

Чарлс Дун, поранешен директор за Ирак во Националниот совет за безбедност, документите содржеле малку што луѓето во владата не го знаеле. Во многу инстанци таквите случаи се јавно документирани во годишниот извештај на Стејт департмент за човекови права и од приватни групи за човекови права. Но Дун додава дека документите обелоденуваат колку било тешко да се прекине таква злоупотреба во тоа место на насилство какво што станал Ирак.

„ Ирак е насилна политичка култура, отсекогаш била. Зборувате за овие луѓе кои биле горени со киселини. Се сеќавам дека видов слики во информации што ги имав за кувајтски затвореници кои биле изложени на истиот третман во инвазијата на војската Садам Хусеин за време на Персиската заливска војна. Такви работи не се бришат лесно. Јас не гледам што повеќе би можеле да направиме отколку што веќе направивме“, вели Дун.

Лари Гудсон од Американскиот воен колеџ вели дека американските трупи се фатени во дилемата, дали да интервенираат или не, зашто би можеле да бидат видени како застануваат на нечија страна.

„Лошо е ако направите нешто, лошо е ако не направите – во смисла, ако имате главно шиитски безбедносни сили во затворите и тие тепаат сунитски затвореник ако интервенирате изгледа дека се ставате на страната на Сунитите. И обратно.“

XS
SM
MD
LG