Светската здравствена организација вели дека владите можат да го подобрат здравјето на своите граѓани користејќи ја дигиталната технологија за да го направат здравствениот систем поефикасен и да го зголемат неговиот капацитет да одговори на потребите на пациентите.
Од Обединетите нации велат дека 51 процент од светското население има пристап до широкопојасен интернет. Сумија Сваминатан од СЗО вели дека зголемената достапност и употребата на дигиталната технологија нудат нови можности за подобрување на здравјето на луѓето.
За Гласот на Америка таа вели дека технологијата им овозможува на луѓето, дури и во најоддалечените средини, да имаат поефективен и инклузивен здравствен систем, посочувајќи дека благодарение на употребата на мобилни телефони, компјутери и лаптопи е можно да се заобиколат интервентните фази низ кои многу земји морале да поминат.
„Така на пример, еден здравствени работник во Конго може во својата работа да користи мобилен телефон доколку владата го ослободи од пополнување на 30 формулари на хартија, кои зафаќаат околу една третина од времето на здравствените работници“, вели таа.
Новите упатства вклучуваат десет препораки за тоа како владите преку дигитална технологија можат максимално да влијаат да ги подобрат здравствените системи.
Гарет Мел, научник од СЗО специјализиран за дигитални иновации и истражување, вели дека препораките се однесуваат на прашања како што се известување за раѓање.
„Информацијата дека бебето е родено е од клучно значење за да се знае како да се обезбеди вакцинација, како и информацијата дека мајката има потреба од посети во рамките на постнаталната нега. Но, без да знаат дека имало раѓање, тешко е да се активираат тие мерки во здравствениот систем“, вели таа.
Упатствата исто така се однесуваат и на прашањето за приватноста, односно се препорачува да се обезбеди дека чувствителните податоци, како што се прашањата за сексуалното и репродуктивното здравје, се заштитени и не се изложени на ризик.
Facebook Forum