Линкови за пристапност

Божиќната елка пристигна во Белата куќа во Вашингтон


Елката, која ја прими првата дама Меланија Трамп, пристигна во украсена кочија влечена од коњи, со што продолжи божиќната традиција на Белата куќа

Празничната сезона официјално започна во Белата куќа откако денеска првата дама Меланија Трамп ја прими божиќната елка.

За разлика од минатата година, претседателот Доналд Трамп не присуствуваше на презентацијата на елката.

Елката пристигна во украсена кочија која ја влечеа коњи, со што продолжи божиќната традиција на Белата куќа.

„Пред неколку децении тие сè уште ја испорачуваа елката во пикап-камион“, рече историчарот Метју Костело од Историската асоцијација на Белата куќа. „Убаво е што сега го прават тоа повеќе празнично, со божиќна кочија“, додаде Костело.

Годинашната елка((https://realchristmastrees.org/Portals/22/2019%20Membership/2019WHTreeSelectionPressRelease.pdf?ver=2019-11-24-003051-887)) е висока 5,6 метри. Ја одгледувал Лери Снајдер на фарма во Пенсилванија, кој победи на натпреварот организиран од Националното здружение на божиќни елки.

Како победник, Снајдер ја имаше таа чест да ја претстави новогодишната елка во Белата куќа. Тој рече дека тоа е „незаборавно искуство за нашето семејство, особено за нашите деца и внуци, кои не придружуваат на презентацијата“.

Првата дама се фотографираше со Снајдер и неговата фамилија.

Националното здружение на новогодишни елки ја презентира официјалната елка на Белата куќа секоја година од 1966 година досега. Секоја новогодишна елка треба да одговара на точните спецификации на Сината соба на Белата куќа, каде што елката е дел од празничниот декор на тема избрана од страна на првата дама.

Жаклина Кенеди ја започнала традицијата за избор на тема за официјалната елка на Белата куќа во 1961 година.

((https://www.whitehousehistory.org/photos/jacqueline-kennedy-refines-the-season-photo-2)) Таа година таа ја украси елката со украси моделирани според балетот Оревокршачката.

Меланија Трамп треба да ја открие темата за нејзиниот божиќен декор во Белата куќа за 2019 година на почетокот на декември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG