Линкови за пристапност

Вооружен напаѓач уби најмалку 10 луѓе во Цетиње, Црна Гора


Неколку мртви во инцидент во Црна Гора
Неколку мртви во инцидент во Црна Гора

ПОДГОРИЦА, Црна Гора (АП) - Најмалку 10 лица, меѓу кои две деца, беа убиени, а четири други беа ранети во пукотница во средата што следеше по тепачка во бар во град во западна Црна Гора, соопштија официјални лица. Убиецот е во бегство.

Полицијата го идентификувала напаѓачот како 45-годишниот Ацо Мартиновиќ. Тој го убил сопственикот на локалот во Цетиње, две деца и членови на неговото семејство, изјави министерот за внатрешни работи Данило Сарановиќ на прес-конференција.

„Во овој момент сме фокусирани на негово апсење“, рече Сарановиќ.

Осомничен за пукањето во Црна Гора (Фото: Црногорска полиција)
Осомничен за пукањето во Црна Гора (Фото: Црногорска полиција)

Полицијата испрати специјални трупи по напаѓачот во Цетиње, лоциран на околу 30 километри северозападно од главниот град Подгорица.

Во соопштението се вели дека мажот побегнал од местото вооружен откако отворил оган во барот.

Претседателот Јаков Милатовиќ рече дека е „шокиран и запрепастен“ од трагедијата. „Наместо празнична радост, нас нѐ обзеде тага поради загубата на невини животи“, рече Милатовиќ на платформата за социјалните мрежи Х.

Премиерот Милојко Спајиќ отиде во болницата каде се згрижени ранетите и прогласи тридневна жалост.

„Ова е страшна трагедија која не погоди сите нас“, рече Спајиќ. „Сите полициски екипи се во потрага.

Црна Гора, која има околу 620.000 жители, е позната по културата на оружјето, а многу луѓе традиционално имаат оружје.

Полициски истражители работат на местото на пукањето во Цетиње, Црна Гора, 1 јануари 2025 година.
Полициски истражители работат на местото на пукањето во Цетиње, Црна Гора, 1 јануари 2025 година.

Нападот во средата беше второто пукање во последните три години во Цетиње, историскиот главен град на Црна Гора. Во август 2022 година, напаѓач уби 10 лица, меѓу кои две деца, пред да биде застрелан и убиен од случаен минувач во Цетиње.

Во извештајот на Радио и телевизија Црна Гора, јавниот сервис во земјата, кој ја објави фотографијата на Мартиновиќ на својата веб-страница, се вели дека тој е познат по непредвидливото однесување и дека во минатото бил приведен за нелегално поседување оружје.

Во извештајот се вели дека отишол дома да го земе пиштолот и се вратил во барот, каде отворил оган и убил и ранил неколку луѓе. Потоа отишол на друга локација каде ги убил децата на сопственикот на барот и една жена, се додава во извештајот.

Полицијата апелираше до жителите да останат смирени и да останат внатре, исклучувајќи судир меѓу криминални банди.

XS
SM
MD
LG