Линкови за пристапност

Сто години од правото на глас за жените во САД


Жените се изборија за овој ден, маршираа, се бореа, се жртвуваа себе си за раст на слободите во нашата земја, рече спикерката Пелоси по повод јубилејот

Во САД денеска се одбележуваат сто години од денот кога Конгресот даде дозвола за измени во Уставот, а со кои на жените им беше дадено право на глас. Тие права не биле лесно подарени. Борбата за да ги добијат траела со децении, а исходот од тие напори оставил трајно влијание во американската политика.

Предлогот за измени во Уставот бил доставен до Претставничкиот дом во мај 1919 година. Веќе на 4 јуни истата година Сенатот го одобрил предлогот, а ратификацијата од страна на сите сојузни држави завршила до 1920 година.

Жените се изборија за овој ден, маршираа, се бореа, се жртвуваа себе си за раст на слободите во нашата земја. Уште од раѓањето на нашата демократија, жените не ги чекаа промените, туку работеа за тие промени.

Ова го истакна спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси за време на комеморацијата посветена на овој значаен ден.

За значајната демократска промена придонеле женските движења кои битката ја воделе речиси четириесет години. Поттик за кревањето на свеста бил 15 амандман во Американскиот устав кој бил донесен во 1870 година, а со кој жените биле исклучени од правото за глас.

Во 1919 година, кога се изгласани уставните измени, во ниту еден од двата дома на Конгресот немало жени. Сто години подоцна, во Конгресот денес има 131 жена, што е најголемо присуство во историјата на законодавниот дом на САД.

XS
SM
MD
LG