Линкови за пристапност

Телемедицината како алтернатива за третманот на пациенти и после пандемијата


Телемедицината како алтернатива за третманот на пациенти и после пандемијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Телемедицината како алтернатива за третманот на пациенти и после пандемијата

Во екот на кризата со коронавирусот голем број медицински установи комуницираат со своите пациенти преку телефон. Постои мислење дека оваа пракса ќе продолжи и откако ќе светот ќе се врати во нормала

Како што коронавирусот продолжува да се шири насекаде во светот, користењето медицински услуги преку телефон станува суштинска потреба.

Илјадници болници во САД, Европа и во Кина, сега им нудат на пациентите можност да разговараат со лекарите преку видео повик.

Пациентите треба да ги намалат нивните посети и чекања во редици во болница за време на пандемијата. Онлајн консултациите помагаат да се спречи ширењето на вирусот
Жоу Џиан, директор на болница во Шангај


„Пациентите треба да ги намалат нивните посети и чекања во редици во болница за време на пандемијата. Онлајн консултациите помагаат да се спречи ширењето на вирусот“, вели Жоу Џиан, директор на болница во Шангај.

Но, здравствените прегледи онлајн имаат и негативни страни, бидејќи е потешко да се утврди прецизна дијагноза. Некои луѓе имаат проблем и да се поврзат на интернет.

Овој предизвик би можел да се реши со телефонски услуги, како што нуди „Теладок“, виртуелна здравствена компанија со седиште во САД.

Претставници на компанијата велат дека нивните услуги биле зголемени за најмалку 50 проценти изминативе две недели.

Слични компании, како ДокАСАП, стануваат се` попопуларни.

„Правиме две работи. Градиме платформа која овозможува да се намалат проблемите за пристап до вистинскиот лекар, и создаваме еднаков систем за лекарите и компаниите за здравствено осигурување да можат да работат заедно“, вели Пунит Махешвари, извршен директор на „ДокАСАП“.

Градиме платформа која овозможува да се намалат проблемите за пристап до вистинскиот лекар, и создаваме еднаков систем за лекарите и компаниите за здравствено осигурување да можат да работат заедно
Пунит Махешвари, извршен директор на „ДокАСАП“


Ваквите платформи им дозволуваат на пациентите лесно да закажат консултација, да променат термин за преглед, да разговараат во детали за здравственото осигурување, како и да консултираат специјалисти за кратко време.

„Сакаме да им олесниме на пацинетите да стапат во контакт со лекарот пред и после прегледот, за да можат да ги дознаат резултатите,“ додава Махешвари.

Главниот проблем со телефонско лекување е правење тестови, иако тоа не е невозможно. Старт ап компанија во Тексас, која испраќа лабораториски тестови по пошта, стана толку многу успешна, што направи милионски договор за шоу „Шарк Тенк“ на телевизијата Еј-Би-Си.

Компанијата нуди повеќе од 30 лабораториски тестови, меѓу кои за проверка на нивото на хормони, холестерол и за алергија на храна. Достапни се и тестови за ХИВ, како и за репродукција и стрес.

„Пандемијата на некој начин е сила која не` принудува да ги прифатиме сите нови методи. Мислам дека ова ќе стане нормална пракса во иднина“, објаснува Махешвари.

И додека медицинските услуги по телефон се шират, долги редици на улица се` уште постојат, и тоа за да се влезе на места каде има пристап до интернет и за плаќање сметки.

Сепак, додека трае пандемијата, седењето дома може да спаси многу животи.

XS
SM
MD
LG