Линкови за пристапност

Русија суспендирана на четири години од меѓународните спортски натпреварувања


Светската анти-допинг агенција (WADA) одлучи да ја исклучи Русија од олимпијадите во 2020 и во 2022 година, како и од сите големи светски спортски натпреварувања  

Светската анти-допинг агенција (WADA) ја суспендира Русија на четири години од сите големи светски натпреварувања поради скандалот со допингување на руските спортисти.

Агенцијата ја донела оваа одлука откако во истрагата било заклучено дека Москва ги манипулирала лабораториските анализи со цел да ги сокрие доказите за допинг и избришала фајлови кои можеле да помогнат во расветлување на случајот.

Со оваа одлука, Русија нема право да учествува на Олимписките игри во Токио 2020 година, на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, како и на Светското фудбалско првенство во Катар. Русија нема право ниту да се кандидира за организатор на значајни меѓународни спортски натпреварувања.

Сепак, руските спортисти, кои ќе докажат дека не се допингувани, имаат право индивидуално да се натпреваруваат на олимпијадите, но само под неутрално знаме.

Руската анти-допинг агенција (РУСАДА) има право на жалба од 21 ден пред Олимпискиот комитет во Лозана.

XS
SM
MD
LG