Линкови за пристапност

Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ: Студентите и професорите да пријавуваат корупција


Студентите и професорите да се охрабрат и да пријават корупција доколку забележат, апелира ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски. Со него разговаравме за состојбите во високото образование, за рангирањето на Универзитетот, за наставата во услови на пандемија.

ВОА: Веќе две години живееме со пандемија, погодени се сите аспекти на општеството. Како универзитетот се снаоѓа со тој предизвик?

„Можам слободно да кажам дека многу бргу се организиравме кон новонастанатите услови во поглед на пандемијата. За рекордно кратко време почнавме да држиме настава на далечина. Од пред неколку месеци, ние буквално направивме и една универзална алатка, т.н. „I learn“, систем што фактички претставува една интегрирана дигитална платформа на универзитетско ниво. Тоа многу го олесни овој начин на изведување на образовниот процес на нашиот универзитет“.

Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ: Студентите и професорите да пријавуваат корупција
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:53 0:00

ВОА: Дали новиот начин на пренесување на знаењето влијаеше врз квалитетот на наставата?

Во некој процент, сигурно падна квалитетот на наставата и испитите, со овој нов модел на одвивање на наставата, онлајн. Но, ситуацијата е таква во државата што мора да се грижиме ние и за здравјето на студентите и на професорите.

Нашата желба е секако да се вратиме што побрзо во амфитеатрите, во предавалните и во просториите каде што се изведува практичната настава, затоа што сметаме дека тоа е најквалитетниот модел за изведување. Мислам дека сме на добар пат, за тој процес го забрзаме и да се вратиме повторно на класичниот модел на настава и испити.

За покачување на местото на ранг листите, на светските ранг листи на универзитетите, многу е важно финансирањето на образованието, односно науката пред сè, коешто во нашата земја е на многу ниско ниво. И можам да речам, на најниско ниво во регионот.

ВОА: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, постои повеќе од 70 години. Но, времињата денес се различни од некогаш. Студентите и наставниот кадар имаат други потреби, предзнаења и предизвици. Колку универзитетот го следи патот кон модерното време?

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ буквално сите постоечки студиски програми ги иновира, ги осовременува и буквално ги става во колосек на најдобрите, најмодерните меѓународни стандарди што постојат не само во околните земји, туку и во светот. Така, постојано сме во една комуникација со светот и со реалниот сектор во нашата земја, за да ги направиме поприфатливи, повеќе применливи, односно да бидат барани на меѓународниот пазар на трудот нашите високо образувани кадри.

ВОА: На шенгенската листа на највлијателни универзитети во светот, го нема УКИМ и ниту еден од другите универзитети од земјава. Во што заостанува нашето високо образование?

„Нашето високо образование е на едно високо ниво. На едно завидно ниво коешто навистина. Тоа се докажува и покажува со фактот што многу наши професори учествуваат во многу меѓународни проекти. Многу наши студенти многу лесно и брзо се вработуваат во земјите надвор. Тоа сè се факти коишто укажуваат дека нашето образование е квалитетно.

Би потенцирал уште една работа. За покачување на местото на ранг листите, на светските ранг листи на универзитетите, многу е важно финансирањето на образованието, односно науката пред сè, коешто во нашата земја е на многу ниско ниво. И можам да речам, на најниско ниво во регионот. Тоа е 0,1 проценти од бруто домашниот производ. Овој финансиски момент е многу значаен, којшто може и ќе биде како еден стимул за дојде до покачување на ранг-листите на нашиот универзитет“.

ВОА: Корупцијата е една од најгорливите теми во македонското општество. Ниту универзитетите не се имуни на оваа појава. Зошто во високото образование сè уште има појава на корупција?

„Веројатно таа постоела, сигурно и претходни децении. Но, постои. Ние како универзитет имаме направено програма за антикорупција, на барање на владата. Исто така имаме поставено на ниво на универзитетот и антикорупционер, којшто е достапен до сите засегнати страни, пред сè за студентите.

Формиравме и етичка комисија на Универзитетот. Значи, сè правиме да го сузбиеме тој коруптивен момент којшто помалку или повеќе постои на некој од универзитетите. Жестоко треба да се бориме со тој момент“.

Треба да се охрабрат студентите и професорите за транспарентно и отворено да пристапат кон укажување или докажување на тие коруптивни моменти коишто, ако не се обелоденат, не можеме да ги знаеме

ВОА: Дали само студентите треба да се охрабрат да пријавуваат или можеби треба да се работи и со наставниот кадар?

„Главниот проблем е да се стигне до институциите коишто треба да се справат со корупцијата. Треба да се охрабрат студентите и професорите за транспарентно и отворено да пристапат кон укажување или докажување на тие коруптивни моменти коишто, ако не се обелоденат, не можеме да ги знаеме“.

ВОА: Универзитетот долг период се бори за поголема автономија од државните институции, од политиката. Кои се пречките за тоа да се оствари во целост како што замислувате?

Ние, како универзитет, имаме една академска слобода. Имаме една независност во управувањето, имаме кадровска автономија. Но, сметам дека треба уште да се направи околу финансиската автономија. Сакам да кажам дека трезорскиот модел на работење со финансиите е еден голем ограничувачки фактор за секој универзитет, а посебно за нашиот.

Се соочуваме со тој проблем и постојано апелираме да бидеме исклучени од трезорското работење на министерството за финансии, а особено за сопствените приходи. Со нив ние треба автономно да управуваме. Во тоа ја немаме таа финансиска автономија“.

ВОА: Не е мал бројот на студентите, што после студиите не можат најдат работа на нашиот пазар. Дали не добиваат соодветно знаење што го бара овдешниот пазар или се некои други причини?

„Ние како универзитет имаме задача да учествуваме во управувањето со образовниот процес. Но, немаме ресурси да вработуваме, посебно ако зборуваме за најквалитетните кадри што дипломираат. Така што мора на некој начин државата да субвенционира вработување. Мора исто така да има поместување на вработувањата, посебно за оние кадри што одат во пензија. Дали тоа законски да се регулира, тоа е можно. Но, секако, да се слушне нашиот глас во министерството за образование и наука и министерството за финансии. Ние добиваме, но тоа е премалку за да го обновиме кадарот што заминува во пензија.

Во нашата земја во овој момент функционираат 17 универзитети. Лично сметам дека е голема бројка. Од нив, шест се државни. Сметам дека треба државата да го регулира правно, основањето и формирањето на универзитетите

ВОА: Статистиките за последниве пет академски години покажуваат намалување на бројот на новозапишани студенти, а со тоа последователно намалување на бројот на дипломирани, на тие што магистрирале, на тие што докторирале. Каква е иднината на општеството и на високото образование со вакви статистики?

Намалувањето на бројот на нови запишани студенти, секако дека е општ тренд, не само во нашата земја, туку и во околните земји. Сметам дека е значаен проблем, за којшто треба да се разговара отворено. Причините се повеќебројни.

Во нашата земја во овој момент функционираат 17 универзитети. Лично сметам дека е голема бројка. Од нив, шест се државни. Сметам дека треба државата да го регулира правно, основањето и формирањето на универзитетите, како и поголема контрола на образовните процеси во тие универзитети.

Тој тренд верувам дека постепено може да се врати. Тука се повеќе фактори. Иселувањето од земјата, студентите коишто дури и во текот на студиите знаат некогаш да заминат во други земји. Наталитетот којшто се паѓа. Има повеќе причини.

Треба исто да се бориме да ги вратиме да ги вратиме бројките можеби не како на ниво што биле, туку да се приближиме на тие бројки како во минатото“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG