Линкови за пристапност

Со пандемијата се зголемиле предвремените раѓања и смртноста кај новороденчињата


Дупло пораснал бројот на предвремени раѓања во екот на пандемијата кај трудниците заболени од ковид-19, а нараснала и смртноста кај тие бебиња. Ова го покажало искуството на здравствени работници после година и пол соочување со вирусот.

Двојно побројни се предвремените породувања кај трудници инфицирани од ковид-19, отколку кај тие што не се заболени од вирусот. Ова го покажале истражувања од досегашното искуство со пандемијата.

„Дванаесет отсто од инфицираните жени, односно трудници што се ковид позитивни, завршуваат со предвремено породување. Кај неинфицираните жени тој процент е двојно понизок, односно околу шест проценти“, вели Д-р Рената Димитриоска, Субспецијалист неонатолог на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Со пандемијата се зголемиле предвремените раѓања и смртноста кај новороденчињата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00


Двојно се зголемила и опасноста за смртност кај тие новороденчиња.

Дванаесет отсто од инфицираните жени, односно трудници што се ковид позитивни, завршуваат со предвремено породување
Д-р Рената Димитриоска, Субспецијалист неонатолог на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје


„Исто и во однос на мртвородените. Стапката се зголемува кај трудниците коишто се ковид позитивни и инфицирани. Таа е околу осум мртвородени, на околу 1000 заразени, за разлика од стапката на мртвородени кај неинфицираните, која е околу три и пол на илјада. Значи сепак постои низок, но сепак поголем, за заразената жена во последниот триместар да заврши со предвремено породување, па дури и со мртвородено“, додава докторката Димитриоска.

Во некои случаи, пак, предвременото породување се применува за да се спаси животот на мајката.


„Можно е да има предвремено породување во склоп со сотојбата на ковид. Или, ако е загрозена состојбата, тогаш, со цел да се спаси нејзиниот живот, може да дојде до предвремено породување. Тоа носи и дополнително оптоварување во однос на лекувањето на бебето, кое, доколку не би имало ковид, би останало подолго време во стомакот на мајката и би било поразвиено и посозреано кога ќе се роди“, објаснува Д-р Денис Ал Кхалили, Специјалист педијатар на ГАК и основач на Здружението за грижа за родилки, мајки и деца, „Лулка“.


На Гинеколошко-акушерската клиника, пак, до сега се регистрирани 30 предвремени породувања од 300 згрижени жени во ковид-центарот. Од Клиниката советуваат да не се занемаруваат редовните прегледи.

„Најдобар начин е токму во превенцијата. Тоа може да се превенира ако мајките, што планираат бременост, уште пред да останат бремени, да посетуваат доктори. Тоа се некои ризик фактори, кои можат да се отстранат како потенцијална причина за предвремено породување“, нагласува докторката Димитриоска.

Педијатрите и неонатолозите, препорачуваат и унифицирана примена на новите методи од неонатологијата.


„Од самото раѓање бебето да биде поставено на кожата на мајката, на градите на мајката, за да почне процесот на психичко поврзување, но и физичко поврзување. Да се стимулира лактацијата на мајката, создавањето мајчино млеко, зашто и мајчиното млеко за овие предвремено родени бебиња, иако е неколку капки во првите денови, има круцијално значење и помага против сите негативни, штетни ефекти од предвременото породување“, вели докторот Ал Кхалили.

Здравствените работници укажуваат дека е неопходен и повеќе кадар за поголема грижа кон тие новороденчиња.

Од Министерството за здравство, пак, велат дека веќе имало вложувања во опрема, едукација и проширување на стручните тимови на Гинеколошката клиника. Како што додаваат, тоа довело и до намалување на смртноста кај предвремено родените бебиња на оваа клиника, која лани изнесувала 10 проценти од вкупниот број третирани новороденчиња.

XS
SM
MD
LG