Линкови за пристапност

Без пластични шишиња и кеси: Наскоро прва „нула отпад“ продавница во Скопје


Nula otpad - TV prilog
Nula otpad - TV prilog

Според замислата, производите ќе можат да се купат без амбалажа. Продавницата првично ќе работи онлајн, а ќе бидат достапни продукти од занаетчии и од мали бизниси од повеќе градови

Шампонот да се продава на точење, храната да се чува во хартија од пчелин восок, а пластичните шишиња и кеси воопшто да ги нема. Звучи утописки, но по тој концепт треба работи првата „нула отпад“ продавница во Скопје.

„Зошто секој пат кога купуваме одреден продукт, го купуваме и пакувањето. Зошто не го купиме само сапунот, шампонот за коса или само регенераторот“, вели Марија Арсоска, Оперативен менаџер на „Skopje Zero Waste“.

Без пластични шишиња и кеси: Наскоро прва „нула отпад“ продавница во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00


Идејата е на Марија Арсоска, Теодора Страшевска и Дејан Велјанов, млади ентузијасти кои веруваат дека продуктите може да се продаваат и без амбалажа. Сакаат да ги поттикнат луѓето да купуваат производи што не ја загадуваат околината.

Не е поентата само да продадеме нешто и да оствариме профит, туку поентата е да имаме позитивно влијание врз луѓето. Дури и да не купуваат од нас, да знаат какви одлуки прават во врска со купувањето и тие одлуки да ги прават паметно
Марија Арсоска, Оперативен менаџер на „Skopje Zero Waste“


„Не е поентата само да продадеме нешто и да оствариме профит, туку поентата е да имаме позитивно влијание врз луѓето. Дури и да не купуваат од нас, да знаат какви одлуки прават во врска со купувањето и тие одлуки да ги прават паметно“, додава Арсоска.

Нивниот проект беше награден на конкурсот од Здружението за социјални иновации, АРНО.

Според замислата, продавницата наскоро ќе почне да работи онлајн, а ќе бидат достапни производи од занаетчии и од мали бизниси. Еден од првите соработници е младиот дрводелец Горан Миланоски од Охрид.

„Векот на траење на едно сунѓерче во кујна е некои пет до седум дена. Но, вака, четката е дрво, не прима вода, се третира со посебни масла и восоци и истата лесно се чисти“, додава младиот охридски уметник што изработува предмети од дрво, Горан Миланоски.


Дрвената четка за садови наскоро ќе добие природни влакна и ќе го исполни условот за продукт од рециклирани и разградливи материјали. Наместо да биде фрлена како отпадно дрво, ќе заврши во нечиј дом.

„Во нашата дејност останува многу отпадно дрво, но истото е веќе купено како суровина. Тоа се потенки или подолги парчиња, што не ни влегуваат во некој друг проект. Ние, тој тип на дрва ќе ги искористиме за изработка на продуктите за Скопје нула отпад“ објаснува Горан.

Замислата на младите иноватори е да се создаде круг во кој материјалите што се сметаат за вишок нема да завршуваат на депонија, туку ќе добијат некаква примена.


„Циркуларна економија во која предметите ќе се вратат повторно во природата. Тоа да не е онаа линеарна економија во која само влечеме продукти од земјата, ги искористуваме и потоа ги фрламе на депониите каде што реално продуктите не скапуваат како што треба“, додава Арсоска.

Свесни се за предизвиците со кои можат да се соочат, но веруваат дека свеста кај граѓаните за намалување на отпадот ќе расте.

„Мора да се почне од некаде. Поубаво е да се почне денес, и да има нула, запирка нула еден отсто интерес, отколку да сфатиме за 20-30 години дека веќе е предоцна и дека мора да направиме некакви рестриктивни мерки“, укажува Арсоска.

Доколку се остварат плановите, првата физичка „нула отпад“ продавница ќе биде отворена во текот на идната година.

XS
SM
MD
LG