„Недоветна“, „не ти е местото тука“, „ти ли ќе водиш политика“ и уште голем број вулгарности и разни епитети им се налепуваат на повеќето жени на македонската политичка сцена.
„Скоро, речиси секој ден сум дел на одреден атак“, вели Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Загрижувачки 65 проценти од политичарките во Северна Македонија биле изложени на некаков вид насилство.
„Навистина е тешко и навистина е храброст, човек денес, една личност со родова припадност во женски пол, да се нафати и да се занимава со оваа општествено-политичка активност“, додава Василевска.
Тоа го покажува извештајот од скопската канцеларија на Националниот демократски институт (NDI), чие седиште е во САД.
„Насилството не значи само физичко насилство. Тоа може да биде психичко, емоционално, притисок, говор на омраза“, укажува Александра Цветковска, Програмска директорка на NDI.
Нема механизми во самите политички партии коишто го регулираат однесувањето на членовите на политичките партии. Само 23 проценти од испитаниците кажаа дека постојат механизми, правила, статутарни одредби коишто го регулираат однесувањетоАлександра Цветковска, НДИ
За жените во политиката, ваквата појава станала речиси секојдневие.
„Ме вџашува фактот колку лесно и природно оди тоа кон жените. Колку природно и лесно жените се тие што се први на мета. Да не зборувам и за најновите турбуленции во образованието што се случуваат. Колку е едноставно на жената да ѝ се припишат мал милион епитети, додека мажите некако полесно поминуваат низ тој политички оган“, посочува Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.
Според истражувањето на Институтот, родовите дисквалификации многу почесто ги имало во помалите населени места. Повеќето од половината биле упатени од самите сопартијци.
„Нема механизми во самите политички партии коишто го регулираат однесувањето на членовите на политичките партии. Само 23 проценти од испитаниците кажаа дека постојат механизми, правила, статутарни одредби коишто го регулираат однесувањето“, вели Цветковска од NDI.
Бројните напади доаѓаат и преку социјалните мрежи.
„Овие коментари не ја засегаат само политичарката или политичарот, бидејќи мажите не се исклучени од овој вид на насилство, туку некогаш се оди многу подалеку и се допираат и семејствата на јавните личности“, вели Арбана Пашоли од ДУИ.
Одговорноста за сегашната состојба, како што велат нашите соговорнички, лежи и кај самите партии.
„Во основа, тие се тие што треба да го промовираат овој родов баланс, да ги поттикнуваат жените, да ги промовираат, да ги поставуваат на раководни позиции, да им се даде тежина на жените во партијата“, препорачува Мелинда Рашиди од Движење Беса.
Поради родовите притисоци, речиси половина од испитаничките во истражувањето помислиле да ја напуштат политиката. Се бара проширување на квотите за еднаква застапеност.
Поради родовите притисоци, речиси половина од испитаничките во истражувањето помислиле да ја напуштат политиката. Се бара проширување на квотите за еднаква застапеност.
„Би била најсреќна кога не би имало потреба да имаме квоти. Но, квотите и тоа како ни се потребни додека и жените и мажите не почнат да добиваат еднакви можности во нивното политичко учество“, смета Цветковска.
Националниот демократски институт од неодамна почна и кампања против насилството врз жените во политиката. Граѓаните можат да дадат поддршка со петиција на интернет страницата „nezanasilstvo.mk“. Кампањата ќе трае до локалните избори.