Линкови за пристапност

Младите на удар од пандемијата – остануваат без плати и без работа


Пандемијата удри врз егзистенцијата на младите - изгубија работи, останаа без плати
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Се зголемува бројот од млади лица што не можат да најдат работа, иако имаат работно искуство. Ова е само еден од растечките проблеми со кои младината се соочува откако македонскиот пазар на трудот беше погоден од пандемијата

Се зголемува бројот од млади лица што не можат да најдат работа, иако имаат работно искуство. Ова е само еден од растечките проблеми со кои младината се соочува откако македонскиот пазар на трудот беше погоден од пандемијата, апелираат невладини организации.

„Имаме еден нов наплив на млади луѓе кои имаат искуство, но не можат да се вратат на пазарот на трудот, бидејќи нема нови работни места. Ниту, пак, самата економија се движи во насока да се отвораат нови работни места“, вели Блажен Малески од Здружение „Реактор – Истражување во акција“.


Повеќе младински здруженија изминативе месеци заеднички ги истражуваа ефектите на пандемијата врз можностите за работа и за образование. Во дел од истражувањето, именувано „Млади во криза 0.2“, се истакнува дека токму лицата до 29-годишна возраст биле една од најпогодените категории. Притоа, најмногу страдале нивните месечни примања.

„Значи во април има голем пад и тогаш, дефинитивно, да, има некои што не примиле плати. Меѓутоа УЈП не ни дава доказ дека некој ја изгубил работата, или дека на некој му е променето работното време од целосно, на половина. Единствено што можевме да заклучиме е дека некој не примил плата во тој месец“, истакнува Виктор Стојкоски од Здружение за истражување и анализи – ЗМАИ.


Истражувањето дополнително покажало и дека кризата се одразила многу повеќе врз женската, отколку врз машката млада популација.

„Откривме дека жените, младите жени, се многу повеќе погодени од младите мажи. Ако не се лажам, во речиси секоја доходовна група, падот на доходот се движеше и за 5 процентни поени кај жените, отколку кај младите мажи“, додава Стојкоски.

Откривме дека жените, младите жени, се многу повеќе погодени од младите мажи
Виктор Стојкоски, Здружение за истражување и анализи – ЗМАИ


Последици се очекуваат и врз квалитетот на образованието.

„Голем број од професорите не беа спремни за пренасочување на наставните содржини кон дигиталните технологии и наставата на далечина. Претпоставката е дека е опаднат квалитетот на образованието кај младите. Верувам дека состојбата не е таква само во нашата држава, туку и во другите држави. Но, ќе повторам, уште е рано да се направи анализа за да се увиди кои се последиците врз квалитетот на образованието“, укажува Теодора Столевска од Младински образовен форум.


За надминување на наброените проблеми, младинските организации наведуваат повеќе препораки. Една од нив е можноста за одново вработување со доквалификации. Но, за ова да се реализира потребен е нов пристап.

„За да се вклопат нашите препораки, би требало и владата да размисли за променување на пристапот. Од едни чадор политики, кои пробуваат сите да ги опфатат, кон концентрирани политики кон одредени таргет групи како што се младите и директно да им се помага на тој начин“, истакнува Малески.

Сепак, покрај застојот и растечките проблеми, младите и натаму гледаат можност за напредок.

„Јас се надевам дека ќе има перспектива. Сега за сега сè уште е статус-кво, сè уште не можеме да донесеме некаков заклучок. Но, искрено се надевам. Затоа и ги правиме овие истражувања, зашто се надевам дека ќе отидеме како што треба“, додава оптимистички младиот Стојкоски.

XS
SM
MD
LG