Линкови за пристапност

Во македонските болници нема доволно гинеколози


Во македонските болници нема доволно гинеколози
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Во македонските болници нема доволно гинеколози

Неколку општини во Северна Македонија се без матични гинеколози, а проблеми има и во општите болници. Лекарите стравуваат дека состојбата ќе се влошува

Сериозен станува проблемот со недостатокот од гинеколози во Северна Македонија. Многу болници низ државата се соочуваат со овој проблем. Во некои од помалите градови, пациентките на породување заминуваат во поголемите соседни општини. На пример од Дебар најчесто одат во Струга, бидејќи во дебарската болница има само еден лекар гинеколог. Проблеми има и на други места.

Недостасуваат и тука и во цела наша околина. Колеги гинеколози дежураат од Битола во Припеп,затоа што во Прилеп нема гинеколози
Љупче Ристески, гинеколог


„Недостасуваат и тука и во цела наша околина. Колеги гинеколози дежураат од Битола во Припеп,затоа што во Прилеп нема гинеколози. Се покрива со постојните. Значи ова нема да трае до недоглед и затоа треба да се почне со една кадровска политика, каде ќе се обезбедат доктори, кои ќе продолжат да обезбедуваат континуитет на здравствената заштита“, вели Љупче Ристески, лекар-гинеколог во општа болница Кичево.

„Има градови низ Македонија, кои имаат недостаток на гинеколози. Менаџментот на самата распределба на гинеколози низ државата треба да се поправи“, вели Мухамед Асани, директор на општа болница Струга и гинеколог.

Ристески вели дека здравствената дејност не трпи импровизации. Асани пак дека треба да се размислува за регионализација на болниците.

„Може да се случи поради недостаток на гинеколози да се затворат и болници, затоа што по законот, за да се регистрира една болница и за да добие дозвола за работа, мора да има најмалку четири клучни одделенија. Тоа се интерно, педијатрија, гинекологија и хирургија. Доколку едно од овие го нема, а да ги има сите останати, тогаш не може да функционира како болница“, вели гинекологот Ристески.

„Во тој дел треба да се размислува на ново систематизирање на болниците. Регионализација и е спас на државата и за кадри и за простории и за помал трошок и за поквалитетно здравство“, смета Асани.

Во источниот регион има една-две општини, каде нема ниту еден матичен гинеколог. Имаме многу општини каде има по еден матичен гинеколог, кој треба да ги прифаќа сите жени и тука се јавува проблем
Душко Филиповски, претседател на Здружението на приватни гинеколози-акушери


Алармантно е што во неколку oпштини низ државата нема ниту еден матичен гинеколог, иако законски е предвидено на секои 3.000 жени да има по еден. Секоја година во пензија заминувале помеѓу три и пет матични гинеколози, а нови нема.

„Во моментов матични гинеколози нема во неколку општини. На пример во Крушево и Демир Хисар. И во источниот регион има една-две општини, каде нема ниту еден матичен гинеколог. Имаме многу општини каде има по еден матичен гинеколог, кој треба да ги прифаќа сите жени и тука се јавува проблем. Според обемот на работа тешко можеме да постигнеме и да ги прикрепиме сите жени кои би требало да имаат матичен гинеколог, а тоа се девојчиња од 12 години до крајот на животот“, вели Душко Филиповски-претседател на здружението на приватни гинеколози-акушери.

Филиповски смета дека причина за малиот број на матични гинеколози е што голем дел од нив своето решение го гледаат надвор од државата. До министерството за здравство понудиле предлог решенија, со кои сметаат дека за 50% ќе се намали одливот на лекари од која било гранка.

Министерот за здравство, Венко Филипче неодамна изјави дека во 2018 и 2019 година биле издадени 5.000 согласности за вработување во секторот здравство, а со промената на законот, лекари специјалисти да работат и во други здравствени установи, по потреба и на повик, се дополнувала бројката на специјалисти кои недостасувале.

XS
SM
MD
LG