Линкови за пристапност

Како Русите и Американците гледаат едни на други?


Ново истражување на Галуп и на Левада

Американските погледи на Русија драстично се измениле, досега, нерегистрирана промена уште од времето на колапсот на Советскиот сојуз, според истражувањето на Галуп.

Истражувањето покажа дека 52 отсто од Американците гледаат на руската армиска моќ како на витална закана врз американските витални интереси. А една третина ја идентификуваат Русија како непријателски ривал на САД, при што ја истиснаа Северна Кореја од првото место на редовното полугодишното рангирање за перцепцијата на американските непријатели.

Процентот на Американците кои што гледаат на Русија негативно се зголемил за еден процент и сега изнесува 73 отсто, споредено со последното истражување, рекордно високо, според трендовите на Галуп.

Последното истражување следи по анкетата на независниот московски центар Левада, кој што покажа дека две-третини од Русите ги сметаат САД за главен непријател.

(( https://www.themoscowtimes.com/2018/01/10/russias-biggest-enemy-is-us-poll-a60146 ))

Павел Шариков, виш истражувач од Институтот за американски и канадски студии при руската академија за наука, вели дека иако последните резултати предизвикуваат загриженост, севкупната слика не е толку црна.

„Од моја гледна точка, и Москва и Вашингтон придонесоа за овие негативни бројки“, изјави Шакиров, потсетувајќи на бројните настаните што ги обременија односите меѓу двете држави – од западните санкции врз Русија поради присоединувањето на Крим, обвинувањата за мешања во американските избори и неодамнешниот колапс на Договорот за спречувањето на ширењето на нуклеарните боеви глави, што предизвика вжештена реторика од двете страни.

„Долго време, негативната перцепција за САД беше поврзана со високиот рејтинг на претседателот Путин, но сега нема таква поврзаност. Сега, тоа не е случај, додека рејтингот на претседателот Путин е динамичен, и во моментов бележи пад, генерално, руско јавно мислење е позитивно кон САД.

„Луѓето веруваат во тоа што се презентира на телевизија и на Интернет. Во Русија, што најчесто слушате? Политичкото влијание од САД врз други држави и санкции. Се разбира дека ќе гледаат врз САД како главен непријател“, коментираат одговорните на анкетите во Русија.

„Анкетите поставуваат премногу општи прашања и повеќето од испитаниците се политички некомпетентни“, вели Роберт, кој сакаше да остане анонимен.

Истражувањето на Галуп е спроведено меѓу 1016 Американци во периодот меѓу 1-ви и 10-ти февруари кои што живеат во сите 50 сојузни држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG