Линкови за пристапност

Исчезнувањето на мочуриштата - закана за животот на Планетата


Мочуриштата исчезнуваат три пати побрзо од светските шуми, со сериозни последици за човечкиот и за целиот живот на планетата Земја.

Рамсарската конвенција е глобален договор ратификуван во 1971-та од 170 земји, со цел заштита на водните живеалишта, кои претставуваат екосистеми преплавени со вода, како што се мочуриштата, влажните земјишта и поплавените површини.

За жал, целта на овој договор е загрозена. Официјалните претставници на Рамсарската конвенција објавија дека околу 35 проценти од светските мочуришта се загубени помеѓу 1970 и 2015-та.

Ако ситуацијата итно не се промени, генералната секретарка на Рамсарската конвенција, Марта Роја Урего, предупредува дека светот ќе биде во криза, бидејќи мочуриштата се важни за сите аспекти на животот.

"Целата вода што ја користиме за потрошувачка, наводнување и за хидро-електрична енергија доаѓа директно или индиректно од мочуриштата. Мочуриштата, исто така, имаат главна функција во филтрирањето на отпадот и загадувачите, така што тие дејствуваат како бубрези на светот. Го филтрираат отпадот" - вели генералната секретарка на Рамсарската конвенција, Марта Роја Урего.

Таа вели дека мочуриштата, исто така, се од суштинско значење за регулирање на глобалната клима, бидејќи наслагите од тресет складираат двапати повеќе јаглерод од шумите во светот.

Во извештајот се наведува дека загубата на мочуриштата е главно предизвикана од фактори како што се климатските промени, зголемувањето на населението, промената на обрасците на потрошувачката и урбанизацијата, особено во крајбрежните зони и речните делти.

Авторите на извештајот велат дека биодиверзитетот, исто така, е во состојба на криза. Тие велат дека повеќе од 25 проценти од сите мочуришни површини и животни се изложени на ризик од истребување.

Научниците велат дека без био-диверзитет, нема иднина за човештвото. Тоа е затоа што воздухот, кој го дишат луѓето, водата што ја пијат и храната што ја јадат, на крајот се потпираат на биодиверзитетот во неговите различни форми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG