Линкови за пристапност

„УВ Гард“ на двајца Македонци уништува 99,9 % од бактериите


Двајца Македонци со изум - УВЕ Гард
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Двајца Македонци со изум - УВЕ Гард

Изумот на двајца млади светиниколчани уништува речиси 100% од бактериите и е идеален во борбата против Ковид-19

Првите два уреди ги добија Здравствениот дом во Свети Николе и Инфективната клиника во Скопје. Се што изработуваат ќе го донираат за здравствените институции низ земјата.

Поттикнати од актуелната состојба поврзана со пандемијата на коронавирусот, двајца млади луѓе од Свети Николе, град во источниот дел на Македонија, конструирале уред кој може да има, велат, ефикасна примена во борбата против Ковид 19. Со негова помош може да се направи комплетна дезинфекција на одреден простор и со тоа да се уништат и до 99,9% од бактериите.

„Во уредот вградивме силни УВ ламби, кои се користат исклучиво за медицински цели. Овој уред има неколку предности. Зрачи 360 степени во просторијата. Има резервно напојување и батерии кои можат да се полнат и додека не се користи како и при употреба, па може да оперира и во простории каде нема електрична инсталација. Се управува од далечина, а со тоа го заштитува лицето кое оперира со уредот“, вели Никола Глигоров, иноватор.

Никола додава дека овој уред на кој му го дале името UV Guard претставува збир од неколку технологии коj го прават едноставен за ракување.

„Површината која може да се дезинфецира од една позиција е околу 50м2. Предноста на УВ зраците е што може да дезинфецираат секакви површини, како текстил, нерамни површини, недостапни места како и воздухот наоколу.Не остава никакви траги споредбено со хемиската дезинфекција“
Глигоров, иноватор


„Површината која може да се дезинфецира од една позиција е околу 50м2. Предноста на УВ зраците е што може да дезинфецираат секакви површини, како текстил, нерамни површини, недостапни места како и воздухот наоколу.Не остава никакви траги споредбено со хемиската дезинфекција“, коментира Глигоров.

Секојдневно се контактирани од приватни компании, банки, здравствени ординации и општини, кои сакале да го поседуваат истиот. Затоа, велат дека го развиваат концептот еден плус еден. А, што значи тоа?

„И поради таа цел ќе го изработуваме УВ Гард по набавна цена на деловите, но компаниите ги обврзуваме да купат уште еден по иста цена, кој исто така ќе се донира во некоја од здравствените институции и на тој начин сите ќе добијат заштита“, додава, Ивица Поцков, иноватор.

Првите примероци веќе ги поседуваат Здравствениот дом во нивниот град како и Инфективната клиника во Скопје. Работат на шест нови уреди наменети за здравствени установи.

XS
SM
MD
LG