Растечкиот глобален авторитаризам, трговскиот протекционизам и слабеењето на глобалните институции се закана по американските бизниси, предупреди шефот на Стопанската комора на САД.
Во годишното обраќање, првиот човек на Стопанската комора на САД, Том Донохи, рече дека засега економијата е силна и бизнисмените се постојано оптимисти, во најголема мерка поради „дерегулацијата на даночните реформи“.
Но, Донохи го бранеше системот на сојузништва и мултилатерални институции воспоставени од САД по Втората светска војна, имплицитет критицизам на политиката на претседателот Трамп „ Америка, прво“.
„САД и нашите сојузници потрошија најмалку 70 години на ширење на демократијата и слободата“, изјави Донохи. „Денес се соочуваме со задача за реизградба на домашниот консензус за поддршка на демократијата во странство“.
Донохи предупреди против домашната политичка дисфункционалност, вклучувајќи и неможност од американските законодавци да го усвојат пакетот за имиграциони реформи.
Ваквите коментари доаѓаат во време на пролонгирано делумно владино затворање поврзано со барањата на претседателот Трамп до Конгресот да обезбеди средства за изградба на ѕидот долж јужната граница.
Изградбата на ѕидот е едно од клучните ветувања за време на кампањата на Трамп, кој што вообичаено ги портретира имигрантите како закана. Иако не го критикуваше Трамп директно, Донохи рече дека имигрантите се важни за американската економија.
„Работодавците немаат секогаш работници со вештини за секоја работа, во сектори, како здравството, земјоделството, производството и транспортот“, вели Донохи. „Нашата нација мора да продолжи да привлекува разни инвентивни луѓе од насекаде во светот“, коментираше тој.
Законодавците, вели тој, треба да постигнат компромис, кој ќе обезбеди правна заштита на таканаречените „Сонувачи“, кои што, биле донесени во САД како деца. Тој исто така го повика Конгресот да ги одобри „неопходните ресурси за обезбедување на границата“.
Донохи исто така се осврна на трговската политика на Трамп, истакнувајќи дека тарифите врз Кина и други држави се „даноците коишто ги плаќаат американските семејства и бизниси, а странците“.
„Наместо да се поткопа нашата економија, да работиме со нашите сојузници за да извршиме притисок врз Кина преку користење алатки креирани од американските трговски и меѓународни закони“, изјави тој.
Facebook Forum