Линкови за пристапност

Умерен пораст во јулскиот извештај за состојбата со економијата


Стапката на невработеност опаднала од 4 проценти на 3, 9 отсто, најблизу до 18 годишната, најниската стапка од 3, 8 проценти во мај.

Американскиот оддел за труд го објави петочниот извештај за бројката на нововработени и стапката на невработеност за јули, што е послаба прогноза од очекувањата од економистите.

Според извештајот, американската економија додала 157.000 работни места, помалку од очекувањата за 190.000 колку што економистите предвидуваа. Стапката на невработеност опаднала од 4 проценти на 3, 9 отсто, најблизу до 18 годишната, најниската стапка од 3, 8 проценти во мај.

Исто така има пораст на сатницата во САД, иако со бавно темпо – над 2, 7 проценти, споредено со истиот период пред една година.

Економистите стравуваа дека неодамнешното вплеткување на претседателот Трамп во трговските војни како последица на зголемувањето на тарифите за странски добра, негативно ќе се одрази врз американското производство. Јулскиот извештај покажа дека во секторот за производство се надодадени нови 37.000 работни места, што е најголем пораст во седуммесечниот период.

„Се` уште нема реакции од напнатоста во трговските односи. Прерано е“, вели Скот Андерсон, главен економист во „Банката на Западот“ со седиште во Сан Франциско.

Технолошкиот сектор исто така има отворено нови 75.000 работни места, со што има менување на трендот.

Во средата, американските федерални резерви, централниот банкарски систем на САД, објавија извештај дека економијата е „силна“. Тоа е спротивно на јунската оценка, во која економијата беше окарактеризирана како „солидна“.

Спроти ноемвриските делумни конгресни избори, Трамп најверојатно ќе се осврне на силната економија во време кога неговата Републиканска партија се бори да го задржи мнозинството во Сенатот и Претставничкиот дом.

Аналитичарите предупредија дека тоа можеби не е победничка стратегија на гласањето за делумните конгресни избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG