Линкови за пристапност

Пад на кинескиот јуан; последица од новите американски тарифи


S
S

Набљудувачите сметаат дека со падот на вредноста на јуанот се подгрева напнатоста која може да резултира со војна меѓу валутите на двете супер-сили.

Кинеската валута јуан забележа најголем пад на вредноста во последните 11 години по заканите од претседателот Трамп и воведувањето нови 10-процентни тарифи врз кинески производи со вредност од 300 милијарди долари, почнувајќи од 1-ви септември.

Набљудувачите сметаат дека со падот на вредноста на јуанот се подгрева напнатоста која може да резултира со војна меѓу валутите на двете супер-сили.

Официјални лица од САД долго време објаснуваат дека слабиот јуан му помага на кинескиот извоз да е поефтин, при што се одразува врз странската конкуренција и оди во корист на трговски суфицит на Пекинг.

Кинеската централна банка обвинува за падот на јуанот, за како што го нарече „американскиот унилатерален трговски протекционизам, како и очекувањата од реакции од повеќе тарифи врз Кина“, додека во истовремено се заложи за стабилизирање на домашната валута.

„Народната Банка на Кина има искуство, доверба и способност да го држи курсот за размена со јуанот на стабилно ниво во немирен период“, објави Банката во соопштение без да ги елаборира чекорите што ќе ги преземе за стабилизирање на валутата.

Лу Суиги, професор по економија на Универзитетот во Пекинг, објави дека падот на јуанот е одраз од негативната трговска атмосфера на кинескиот пазар.

„Трговската војна ќе ескалира. Тоа ќе се одрази врз јуанот, и врз извозот и увозот при трговската размена меѓу двете валути. Падот на јуанот значи дека пазарот покажува знаци на загриженост“, изјави Лу.

Во меѓувреме, две главни странски бизнис групи, Американската стопанската комора и Европската трговска унија во Кина, изразија загриженост и разочараност за најавата на дополнителни тарифи.

Во прес-соопштение, Ам-Чам Кина ја оцени последната одлука за зголемување на тарифите „неинспиративна“ и додаде дека „тарифите ќе ги платат потрошувачите и ќе се одразат врз бизнисите при што некои разгледуваат мерки да ги префрлат бизнисите.

Дарсон Чиу, истражувач од тајванскиот Институт за економско истражување, наведува дека Кина има малку простор за одмазднички мерки, како казнени тарифи врз американскиот извоз, со оглед дека домашната економија беше погодена од новите тарифи од актуелната американска администрација врз 200 милијарди долари кинески добра и производи.

Тој додава дека Кина очекува од демократските претседателски кандидати, пред се од демократот Џо Бајден, да ја зголеми популарноста пред гласањето 2020. Тоа може да го принуди Трамп да стави крај на трговската војна, со цел да се фокусира на справување со демократските претседателски кандидати и неговиот реизбор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG