Линкови за пристапност

Трамп преку Твитер изрази спротивни ставови од разузнавањето


Во серија твитери, Трамп презеде одговорност за клучни подобрувања во разузнавачката сфера, истакнувајќи дека првите луѓе на разузнавањето се`, како што ги нарече, „екстремно пасивни и наивни“.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер ги коментираше наводите на разузнавачките агенции за Исламската држава, Северна Кореја и Иран, при што напиша жестока критика на сметка на првите луѓе од разузнавањето.

Во серија твитови, Трамп презеде одговорност за клучни подобрувања во разузнавачката сфера, истакнувајќи дека првите луѓе на разузнавањето се`, како што ги нарече, „екстремно пасивни и наивни“.

„Кога станав претседател, ИСИС беше со полна пареа во Сирија и со регрутирање. Има голем напредок на ова поле, особено последните пет недели, напиша претседателот користејќи акроним. „Калифатот наскоро ќе биде уништен, што беше незамисливо пред две години.“

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1090571586778923008 ]]

Односите со Северна Кореја се на најдобар стадиум од било кога порано, напиша за новите врски со Пјонгјанг. Имаме солидна шанса за денуклеаризација“.

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1090573972306038784 ]]

За Иран, претседателот Трамп напиша дека, од разузнавањето - „грешат“.

[[https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1090608298343190528]]

„Веројатно, разузнавањето треба да се врати во училиште клупи“, упати жестока критика претседателот за оценките на разузнавањето во врска со однесувањето на Техеран.

[[https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1090609577006112769]]

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG