Линкови за пристапност

Трамп промовира “Произведено во Америка“


Заложба да се вратат загубените работни места од странство во САД

Администрација на Трамп ја почна кампањата „Недела на направено во Америка“ со акцент на важност да се произведува во САД и да се вратат загубените работни места од странство.

Во дворот во Белата куќа беа презентирани производи од сите 50 држави – од јахти направени во Мејн, до хавајски рум.

Дури и претседателскиот хеликоптер Marine One, е склопен во Конетикат.

Претседателот Трамп се обрати од пожарникарски камион, произведен во Висконсин.

Потоа, Трамп потпиша декларација 17-ти јули да биде “Ден на Произведено во САД“, истакнувајќи дека неговата влада ги отстранила сите регулаторни бариери.

„Со децении Вашингтон дозволуваше други нации да преземат работни места од САД во нефер трговски односи. Тоа повеќе нема да биде пракса“, изјави претседателот Трамп во Белата куќа.

Демократите критикуваат дека неделата на Трамп „Произведе во САД“ е врв на хипокризија, и наместо да држи предавања, треба да биде пример.

„Ако се залагате за нешто, почнете од себе си – Кошулите и вратоврските со етикетата Трамп се произведени во Кина. Мебелот на Трамп – е произведен во Турција“, истакна Чарлс Шумер, демократски сенатор од Њујорк.

Портпаролот на Белата куќа ја бранеше ваквата пракса.

„За некои продукти нема технологија и побарувачка во државата. Но , ако тоа се смени, се надевам дека во САД ќе бидат изградени фабрики за производство“, коментираше Шон Спајсер.

Аналитичарите за трговски односи велат дека ваквите заложби се тешко изводливи со оглед на мрежната поврзаност на глобалната економија.

„Производството во фабриките надминува ѕидови, урива граници, минува океани. Конечниот продукт во американските продавници понекогаш има компоненти од 5, 6 до 10 држави“, оцени Даниел Икенсон од Институтот КАТО.

Белата куќа не покажува знаци дека ваквите аргументи ќе ја одвратат од заложбите за протекционистичка агенда во трговијата. Засега, планира да го промени курсот од децениските политики од претходни администрации од двете партии, и да ги поддржи американските бизнис групации во меѓународните трговски договори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG