Линкови за пристапност

Заканата од Северна Кореја поттикна обновување на проектот „Војна на ѕвездите“


Лажните тревоги за напад со балистички проектил од Северна Кореја врз Хаваи месецов индицираше загриженост од нуклеарниот капацитетот на Пјонгјанг

Научниците и официјални лица од НАСА коишто го предводеле развојот на вселенскиот одбранбено - безбедносен систем од проектили во 1980-те повикаа на неговото обновување како против-одговор на растечките нуклеарни закани од Северна Кореја и други непријателски држави.

Лажните тревоги за напад со балистички проектил од Северна Кореја врз Хаваи месецов индицираше колку нуклеарниот капацитетот на Пјонгјанг зазеде централно место во растечката загриженост во сферата на безбедноста по неодамнешните тестирања на проектили од Пјонгјанг коишто имаат евентуален капацитет да стасаат до САД.

Контроверзната иницијатива за американската вселенска одбрана или (СДИ), која почна по директива на претседателот Роналд Реган, честопати беше со потсмев нарекувана како „Војна ѕвездите“ од критичарите во американскиот Конгрес и во медиумите кои известуваа за превисоките трошоци. Иницијативата беше занемарена од претседателот Клинтон, а плановите за нејзино заживување на наследникиот Џорџ Буш беа маргинализирани од префрлање на фокусот врз војните во Авганистан и Ирак по терористичките напади на 11-ти септември.

Во актот за авторизирање на националната одбрана во 2018-та, кој го потпиша претседателот Трамп минатиот месец, и` овозможи мандат на Агенцијата за одбрана од проектили да почне „да истражува можности за престретнувачи во вселената и ре-обновување на вселенските тестови согласно релевантните технологии“.

Аналитичарите потсетуваат дека натпреварот за доминација во вселената, од серијалот „Војна на ѕвездите“, влијаел врз одлуката на тогашниот Советскиот сојуз да се откаже од скапата трка за вселенско вооружување и противодбранбени капацитети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG