Линкови за пристапност

Два билета по 50 долари не секогаш чинат 100 долари во САД


Два билета по 50 долари не секогаш чинат 100 долари во САД
Два билета по 50 долари не секогаш чинат 100 долари во САД

Поинаков поглед на животот во Америка

Пред некое време наш пријател го однел синот на кошаркарски натпревар. Од билетарницата, побарал два билета, кои чинеле 40 долари секој. Но, на неговата кредитна картичка не се појавила сума од 80 долари. Продавачот објаснил дека мора да плати дополнителни три долари за „сервисна услуга“.

Ова го натерало да постави логично прашање:

„Дојдов овде да ги купам билетите. За каква сервисна услуга зборувате? Зарем цената на билетот не ја покрива и услугата за печатење на билетот и добивање седиште во арената?

Одговорот бил – не. Тој требал да ги плати дополнителните трошоци од три долари. Дури и ако не користел картичка, туку платил во готово.

Праксата на воведување на мистериозни дополнителни трошоци е во подем. Друг пријател купил три билети за безбол натпревар. Билетите биле ефтини, 15 долари за сите, пет долари - еден. Но, морал да плати по дополнителни 4 долари по билет за некаква „погодност за плаќање“. Тука не запира крајната сметка. Уште пет долари за “процесирање“ на нарачката. И уште долар и 75 центи затоа што ги купил билетите преку интернет и ги ги испечатил дома. Се` на се`, тој платил повеќе од 18 долари плус назначената цена на билетите што е 40 проценти повеќе.

Тоа се таканаречени скриени „трошоци“. Тој негативен тренд е особено присутен во ресторани, каде минерална вода на вашата маса може значително да ја зголеми крајната сметка; или пак кога изнајмувате автомобил, разни дополнителни давачки за осигурување на возило ќе се најдат само со ситни букви на дното на сметката.

И американските авио-компании наплатуваа таканаречени „скриени трошоци“, се додека владата не стави крај на таквата пракса.

Затоа, ако сакате да одите на спортски настан во САД, понесете пари! Цената на билетот е само дел од трошоците што ќе ве закачат, има и осигурување на кое можеби не сте сметале и многу други екстра давачки, а сигурно ќе сакате и виршла, и пијалак....

XS
SM
MD
LG