Линкови за пристапност

Обама: крај на американските борбени активности во Ирак


Обама: крај на американските борбени активности во Ирак
Обама: крај на американските борбени активности во Ирак

Претседателот Обама во 20-минутното обраќање од Белата куќа рече дека „ирачкиот народ сега ја има одговорноста за безбедноста во нивната земја“

Во второто обраќање од Белата куќа откако стапи на функцијата, претседателот Обама рече дека историскиот момент доаѓа во време на голема неизвесност за многу Американци, по скоро еднодецениска војна и долга и исцрпна ресеција.

Тој оцени дека САД планираат да го „одржат и зајакнат“ лидерството во новото време.

Обама во обраќањето до нацијата од Овалната соба истакна дека многу работи се измениле откако неговиот претходниот, претседателот Џорџ Буш објави почеток на војната во март 2003-та, истакнувајќи дека војната за разоружување на земјата станала битка против бунтовништвото. Тероризмот и секташкото насилство претставуваа закана за поделба на Ирак, рече врховниот командант и потсети дека во војната загинаа неколку илјади, а беа повредени десетици илјади Американци.

Претседателот Обама во 20-минутното обраќање од Белата куќа рече дека „ирачкиот народ сега ја има одговорноста за безбедноста во нивната земја“.

Како врховен командант, Обама рече дека горд на службата на Американци, како и на нивната пожртвуваност.

Тој рече дека Американците кои биле на служба во Ирак ја завршиле секоја зададена мисија и го поразиле режимот кој го тероризираше сопствениот народ. Американските сили, заедно со ирачките и коалиционите партнери се бореа да му помогнат на Ирак да има шанса за подобра иднина, рече Обама, кој истакна дека ја завршува заложбата за ставање крај на војната во Ирак уште од времето кога беше кандидат за претседател на САД.

Тој истакна дека неговата администрација вратила скоро 100.000 американски војници од Ирак, затворила или предала стотици воени бази во раце на Ирачаните и транспортирала милиони делови опрема надвор од Ирак.

Претседателот Обама ги охрабри ирачките лидери да направат итен чекор напред во правец на формирање нова влада, затоа што во моментов земјата се наоѓа во политички ќорсокак откако на изборите во март немаше јасен победник.

Претседателот рече дека чекор напред ќе биде останувањето на дел од американските сили во земјата, но со поинаква мисија: советодавна улога на ирачките безбедносни сили, поддршка на ирачките сили во операциите за сузбивање на тероризмот, како и заштита на американските цивили.

Тој истакна дека согласно американскиот договор со ирачката влада; сите американски војници ќе заминат од Ирак до крајот на следната година.

Новиот пристап го одразува долгорочното партнерство со Ирак – базирано врз заеднички интереси и почитување, рече претседателот Обама и предупреди дека насилството нема да запре со крајот на американските борбени активности во земјата.

Претседателот рече дека Ирачаните се горд народ, и оти го отфрлиле секташкото насилство и немаат интерес за долгорочно уништување на нивната земја. Тој рече дека само Ирачаните може да ги надминат меѓусебните разлики и оти само тие може да развијат демократија во рамки на границите на Ирак.

Претседателот Обама се заложи дека Америка ќе обезбеди поддршка за ирачкиот народ, како пријател но и како партнер.

Тој рече дека САД платиле „висока цена да ја осигураат иднината на Ирак во раце на самите Ирачани“.

Претседателот Обама рече дека сега е време да нова страница.

Актуелниот претседател Барак Обама рече дека зборувал со неговиот претходник Џорџ Буш претходно во вторникот, истакнувајќи дека во јавноста е познато дека тој не се согласувал со одлуката на поранешниот врховен командант за почеток на војната во Ирак.

XS
SM
MD
LG