Линкови за пристапност

Каков е капацитетот на кибернетската армија на Северна Кореја?


Како Пјонгјанг се прилагодува на хакерските методи со оглед дека нема големи ресурси поради меѓународните санкции

Севернокорејските хакери продолжуваат да ги пробиваат заштитните компјутерски системи ширум светот.

Кибернетските оперативци на Пјонгјанг, како Групата Лазарус беа поврзани со инфилтрирањето во Сони во 2014-та пред премиерата на филмот „Интервју“ кога префрлија една милијарда долари во банка во Бангладеш.

Како Пјонгјанг се прилагодува на хакерските методи кога нема големи ресурси со оглед на меѓународните санкции врз режимот во Северна Кореја.

Сенгџо Ким, професор на корејскиот универзитет за информатичка безбедност рече дека одговорот делумно е зашто корејските компјутерски хакери оперираат во Кина и во Европа со лесен пристап до Интернет.

Северна Кореја практикува хакирање на интернет-страници за крипто-валути и крадење информации. Овие вежби помагаат да се подобрат вештините.

Како инструктор, Ким ги учи неговите студенти како хакерите вршат инвазија врз другите системи и користат традиционални инструкции од книги.

„Потребни ви се основно познавање на компјутерската наука, за да може да решите хакерски проблеми“, вели тој, и додава дека Северна Кореја секогаш ги унапредува методите со вршење инвазија врз други системи.

Кибернетската армија на Пјонгјанг

Експертите наведуваат дека кибернетската армија на Северна Кореја ја сочинуваат меѓу 6000 и 7500 припадници. Тие се поделени во разни оддели, коишто вршат кибернетски напади против државна структура, финансиските институции и „крадење“ одбранбена технологија.

„Северна Кореја беше инспирирана од кинеската кибернетска единица“, наведува директорот на Одделот за интелектуална солидарност во Северна Кореја, Хјонг Кван Ким. Северна Кореја ја формираше првата единица во рамки на Централна влада во 1993-та.“

„На пример, единицата 212 ги надгледува Одделите 180, 91 и 110“, изјави Кванг Ким за Гласот на Америка.

Единицата од 500 членови беше креирана во 1998-ма. Во 2009-та оваа група успешно изврши 77 напади врз компјутерски мрежи создавајќи хаос во интернет сообраќајот.

„Ова го водеше Пјонгјанг да заклучи дека кибернетската војна е најпогоден облик на војување на Северна Кореја во модерното доба“, според Ким.

Нападите продолжија во 2014-та и 2015-та. На Единицата 121 и беше дадена мисија за напади врз инфраструктурата на странски нации, како телекомуникациски мрежи, електрични уреди и нуклеарни постројки.

Со оглед на ефектот од меѓународните санкции врз Пјонгјанг, Ким рече дека Северна Кореја ги пренасочи кибернетските напади врз приватни системи, отколку владини мрежи зашто помалите ентитети не се толку заштитени.

Во 2017-ма, севернокорејската хакерска група Лазарус беше обвинета за напад врз берзата за криптовалути Битхамп.

Кибернетските „крадци“ одзедоа речиси 7 милиони долари од дигиталните валути.

Крипто-валутите може лесно да се одземаат зашто се префрлаат во кибернетскиот простор, наведува Ким.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG