Шефовите на дипломатии на НАТО во Брисел се среќаваат утре во Брисел каде главна тема е напнатоста со НАТО.
Самитот доаѓа неколку недели откако западните држави ја обвинија Москва за труење на поранешниот шпион во Британија. Напнатоста е дополнително зголемена по нападот врз наводното хемиско оружје на Сирија, која е голем сојузник на Русија.
Иако воената акција не беше организирана преку НАТО, воениот блок понуди поддршка.
Петочниот самит ќе биде последен во старата зграда на НАТО во Брисел, пред меѓународниот персонал и 29-те амбасади да се дислоцираат во новото седиште во јуни, за чија изградба беа потрошени 1,5 милијарди долари.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг најави дека примарен фокус ќе биде, како што го оцени “опасното однесување на Москва“.
На состанокот ќе се разговара и за илегалната акција за припојување на Крим, дестабилизирање на источна Украина, мешање во демократските процеси, кибернетски напади и дезинформации, најави Столтенберг.
Џон Саливен, кој е вршител на должноста државен секретар на САД ќе присуствува на Самитот во Брисел. Се очекува претседателот Трамп да го посети Брисел, за време на Самитот со лидерите на НАТО во јули.
Сојузниците во НАТО се надеваат на понатамошно уверување на заложбата на САД за Алијансата, изјави аналитичарот за одбранбени прашања Софија Беш од Центарот за европски реформи.
Проширувањето е исто така на агендата на самитот. Украина ја обнови амбицијата за членство на безбедносната конференција во Киев минатата недела.
Влезот на Украина во НАТО само дополнително ќе ги затегне пограничните односи со Русија, но процесот за членство веројатно ќе трае со децении.
Генералниот секретар на НАТО ја подвлече важноста за дијалог со Москва, истакнувајќи дека организацијата работи на тоа во рамки на Советот НАТО - Русија.
Facebook Forum