Линкови за пристапност

САД: Либискиот ураниум и хемиското оружје на безбедно


САД: Либискиот ураниум и хемиското оружје на безбедно
САД: Либискиот ураниум и хемиското оружје на безбедно

Стејт департментот тврди дека САД се убедени во безбедноста на либиските залихи на оружје

Владата на Моамар Гадафи во обид да избегне санкции и политичка изолација заради терористички активности, во 2003-та година се откажа од оружјето за масовно уништување, а подоцна обелодени дека има и клучни компоненти за отпочнување на нуклеарна програма.

Сепак, Либија продолжи да поседува големи количини на боен отров, потенцијален составен дел на хемиско оружје. Воедно, залихите на ниско збогатен ураниум се причина за меѓународна загриженост со фактот што земјата западна во конфликт.

И покрај се`, според портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд, по консултациите со Преодната влада во Либија и информациите на американското разузнавање, САД се убедени дека либиските залихи на ураниум и боен отров се на безбедно.

Таа додаде дека ниско збогатениот ураниум е под контрола на нуклеарна локација во близина на Триполи.

Нулад посочи и дека во процесот што водеше кон нормализирање на односите меѓу САД и Либија во 2006-та година, владата на Гадафи ја предаде опремата за производство на нуклеарно оружје што ја имаше обезбедено од Пакистан две години претходно. Портпаролката на Стејт департментот исткана и дека Гадафи ја предал и последната количина на високо збогатен ураниум во 2009-та година.

Нуланд додаде и дека Либија и натаму поседува големи количини на боев отров што потенцијално може да се искористи за полнење на артилериско оружје и проектили, но дека и тие залихи се заштитени.

XS
SM
MD
LG