Студенти од целиот свет учествуваат во натпреварот за дизајнирање и изградба на куќа на сончева енергија што ќе биде со достапна цена, примамлив изглед и иновативна технологија. Тие наредниот месец ќе ги претворат своите идејни решенија во пракса, претставувајќи ги своите сончеви куќи на Националното шеталиште во Вашингтон.
Меѓу оние кои ја сонуваат главната награда е екипата на колеџот Мидлбури од сојузната држава Вермонт, која ќе учествува по првпат. Изградбата на нејзината мала трае со месеци.
Едисон Годајн, членка на тимот, дневно минува 10-12 часа работејќи на куќата.
„Има многу работа, но конечно се исплати. Куќата изгледа добро, како и што се надевавме дека ќе изгледа, затоа што ние доаѓаме од уметничко училиште. Аутсајдери сме, но мислам дека добро ќе поминеме“, вели Годајн.
Конкуренцијата за Сончевиот десетобој е силна. Американскиот Оддел за енергетика разгледува писмени предлози од десетици образовни институции и избира 20 екипи за натпреварот. Целта на конкурсот е дизајнирање и изградба на куќи што функционираат исклучиво на сончева енергија. Годинава по првпат куќите ќе бидат оценувани и според финансиската достапност.
Пред две години победи екипа од Германија. Тогаш студентите од Мидлбури беа во Вашингтон само како посетители, да ја видат првонаградената куќа и другите поставени на Националното шеталиште.
„Уште во 2009-та, на тогашниот Сончев десетобој, сите бевме согласни дека нашата би била семеен дом, а не еколошко здание за ерген“, раскажува членот на екипата Алекс Џопек.
Токму затоа, дизајнот на Мидлбури е адаптација на традиционална фармерска куќа од Нова Англија со две спални соби, една бања и пространа дневна соба во која влегуваат и кујната, трпезаријата и мало место за одмор и читање.
Она што автоматски ги привлекува луѓето во овој дизајн е колку светлина влегува во ваквиот дом.
Идејата е на студентитите од Мидлбури, но во реализацијата помогнале професионални градежници и договорни соработници. Одделот за енергетика на секој од тимовите им додели по 100.000 долари, но се очекува изградбата, патните и другите трошоци на крај да изнесуваат шестпати повеќе од таа сума.
„Сончевиот десетобој повеќе наликува на маратон бидејќи бара огромна посветеност на подолго време“, вели Годајн.
Куќата на екипата од Мидлтаун е речиси готова, но предизвикот допрва претстои. Студентите треба да ја демонтираат, деловите да ги стават во камион, а потоа повторно да ја монтираат на Националното шеталиште во Вашингтон.
„Во Мидлбури студентите учат многу за светските проблеми, особено за оние за здрава животна средина“, потенцира вели Годајн
Натпреварот е можност да се најде решение барем за дел од нив. Победникот на Сончевиот десетобој ќе биде прогласен на 1-ви октомври 2011-та година.