Линкови за пристапност

Поврзанoст на грипот со Ла Ниња


Поврзанoст на грипот со Ла Ниња
Поврзанoст на грипот со Ла Ниња

Добра страна може да е способноста за предвидување пандемија на грип, велат научниците

Во поголем број од случаите, инфлуензата е привремена појава, но често, од грип умираат милиони, а заболуваат уште толку.

Џефри Шаман од Школата за јавно здравје при Универзитетот Колумбија во Њујорк, вели дека изминатиов век постојат четири документирани пандемии на грип.

„Кога ќе ги погледнеме резултатите, забележливо е дека сите четири од нив почнале директно по појавата на Ла Ниња на Пацификот“, изјави овој експерт.

Ла Ниња е периодично ладење на водите на Тихиот Океан што предизвикува промени во глобалните метереолошки случувања. Меѓу другото, таквите настани ги попречуваат миграциите на птиците.

Птиците се носители на вируси на инфлуенза и доколку дојде до промена на нивните миграциони навики, тие може да дојдат во контакт со други птици со кои вообичаено не се среќаваат, птици кои можне да се носители на различни видови на вирусот на грип. Во тој процес, познат како мутација, генетскиот материјал на вирусите можно е да се помеша, по што се создава нов вид на вируси на инфлуенза.

„Сметаме дека токму тие подвидови на вирусот, кои вообичаено се присутни кај птиците, потенцијално можат да инфицираат и луѓе, на што поголем дел од популацијата ќе биде отпорна,“ вели Шаман.

Настаните поврзани со Ла Ниња се случуваат редовно на неколку години и повеќето не се проследени со пандемија. Но, бидејќи ризикот од пандемија се чини дека се зголемува по Ла Ниња, следниот чекор за истражувачите е да имаат подобро разбирање за тоа какво е влијанието врз птиците и вирусите на инфлуенза чии носители се. Еден од резултатите, вели Џефри Шаман од Универзитетот Колумбија, можно е да биде способноста за подобрување на предвидувањата за појава на пандемија на грип.

Тој сепак предупредува дека пред ваквите прогнози да станат реалност, потребни се дополнителни истражувања.

Студијата е објавена во „Трудовите на Националната академија на науки.“

XS
SM
MD
LG