Линкови за пристапност

Камала Харис ја истакна „моќта на надежта“ за да запре бранот мигранти од Јужна Америка


На нејзината прва посета од функцијата потпретседателска, Харис на прес-конференцијата во Гватемала Сити рече дека жителите од Јужна Америка „не сакаат да заминат од земјата каде растеле“.

Американската потпретседателка Камала Харис вели дека ќе дискутира за улогата на Мексико во регионот кога ќе се сретне со претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор во Мексико сити како дел од патувањето со фокус на растот на миграцијата на јужната граница на САД.

Зборувајќи со новинарите, Харис рече дека блиското партнерство меѓу соседните држави ќе биде на агендата, но и економската соработка и доставата на вакцини против Ковид-19.

Таа имаше слична агенда и во Гватемала синоќа, каде ја потенцираше „моќта на надежта“ заедно со новите напори за искоренување на корупцијата и убедувањето на Јужно американците да останат дома, наместо да преферираат опасно патешетвиеие кон север и обид да влезат во САД.

На нејзината прва посета од функцијата потпретседателска, Харис на прес-конференцијата во Гватемала Сити рече дека жителите од Јужна Америка „не сакаат да заминат од земјата каде растеле“.

Таа најави дека на „на пат е помошта од Вашингтон“, како и приватни инвестиции, охрабрени од американската влада и Одделот за земјоделство и просторно планирање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG